Да воспоставиме врска со Бог

Смири се во себе и погледни: што најмногу во животот те „боцка“, ти пречи, те вознемирува, те одделува од целта и задоволствата? Откриј го тоа! Затоа погледни се околу тебе: имали некој кој може да те ослободи од тие твои маки? Дали си тоа ти самиот? Можеш ли да го промениш светот? После тоа помисли: каде е изворот на реката на твојот живот? Може ли Бог да ја промени твојата состојба? Зошто тоа веќе не се случило? Имаш ли ти доверба во Бог? – Сакаш ли сега да се определиш за Семоќниот и за Љубовта?

Во животот не оди се онака како што би сакале. Не успеваме да создадеме мир во светот, не успеваме да ги уништиме болестите, не успеваме да имаме психичко здравје и морално добри луѓе, не успеваме да ги ослободиме луѓето од омраза и лутање. Светот и животот на секој поединец е преполн со страдање. Смрта виси над секого, вината го голта секој жител на земјата. Трпење, болести, обвинувања, грабежи, смрт – сето тоа има извор во гревот.

Гревот е прекин на комуникацијата со Бог. Тоа е исто кога реката ќе се одвои од изворот и ќе се претвори во мочуриште. Тоа исто како детето да се одвои од родителите и да живее само. Гревот е недоверба кон Бог, бегство од Бог, тргнување од неговиот пат и лутање по сопствениот. Тоа е сечење на една нитка која нѐ држи во воздух, на висината на животот. Поради гревот е тешко да се комуницира со Бог. Тешко е да се најде смислата, тешко е да се најде висинскиот пат. Некој треба да нѐ доведе до Бог. Бог е единствена можност за живот, мир, благосотојба, живот во полнина. Затоа затворањето на таа сила донесува умирање и неспокој.

Од тука следува: единствен непријател на човекот е гревот. Не човек, не Бог, не природата, туку само гревот. Или најголемо зло е да се одвоиш од Бог. Човековото срце е во страдање. Треба да го промениме срцето, повторно да воспоставиме врска со Бог. Тука е изворот на сите проблеми и решението на сите проблеми на човештвото.

Превод: Д.И.

Категорија: Размислување

За авторот