Мајка Тереза: Верувај му на Исус

„Верувај во Него со слепа и потполна доверба, бидејќи Тој е Исус. Исус никогаш не се менува… Надевај се на Него со љубов, надевај се на Него радосно и весело и секогаш му верувај дека Тој е Патот до Отецот, дека Тој е Светло во светот на темнината.

Исто така биди уверен дека сам по себе не можеш ништо да направиш, ништо не можеш да имаш освен грев, слабост и беда, и сите дарови кои ги имаш преку природата и милоста, ги имаш добиено од Бог. Довербата во Бог може сѐ да направи. На Бог му е потребна нашата понизност и маленкост, а не нашата полнина.“

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

За авторот