Педесетницата – благодарност за создаденото

За празникот на Светиот Дух и неговото делување, ќе се послужиме со Трактат на Јозеф Рацингер, од книгата „Барајте ги небесните работи. Размислувања за целата година“, издадена од издвачката куќа Паолине во Милано, 1986 година.

Повеќето од литургиските празници своите корени ги има во верата на Израил, додека пак Израилските празници имаат потекло од празниците на религијата на природата, од земјоделскиот и сточарскиот свет, од кои постепено се развиле новите и посебни аспекти на религијата од Стариот Завет.

Овие денови всушност ја носат обврската на една долга историја и токму во тоа се состојат нивните убавини: нѐ оддалечуваат од површноста и од брзањето на нашиот секојдневен живот и од нашиот начин за поминување на слободното време. Тоа не здосадува сѐ повеќе затоа што секогаш мислиме на истите работи, ништо друго освен нашите секојдневни замисли; не успева ниту оваа оддалечување во нешто сосема различно во кое што многу пати сонуваме.

Христијанските празници не се едноставно исполнување на слободното време; тие се неопходни. Во нив, ако ги отвориме очите, откриваме нешто сосема различно, корените на нашата историја, исконските искуства на човештвото и преку нив, вечната љубов која е вистинскиот празник на човекот.

Да го погледнеме од поблиску од оваа гледна точка празникот Педесетница.

За својата најстара праисторија тоа е празник на бербата: во месецот мај во Палестина пченицата созрева; Педесетница бил празник на благодарноста за бербата (жетвата). Човекот ја препознава плодноста, која е плод од помошта на небото и земјата, како што чудото кое му дава живот и признава дека благодарноста е вистинскиот одговор на ова чудо. Така и жетвата се претвора во празник.

Дали навистина сето тоа денес го изгуби своето значење?

Нашата слика за светот станува шизофреничка доколку зборот Свети Дух нѐ тера да мислиме само на христијанската внатрешност, а жетвата (бербата) само на техниката и трговијата.

Црквата на денот на Педесетница рецитира еден Псалм кој вели: „Испрати ни го твојот Дух и сѐ ќе биде повторно создадено “. Со овие зборови се однесува пред сѐ на Духот – создател, кој му даде живот на светот и кој го одржува во живот. Би било многу важно ако на денот на Педесетница повторно и повторно сме свесни за тоа: Светиот Дух кој слегол врз апостолите е истиот Дух кој го создал светот.

Проблемите од денешното време во голем дел се благодарение на фактот што го сметавме светот само како материја и материјата само како нешто материјално за нашите производства. И не треба да нѐ чуди што еден свет сведен на едноставно материјално станува непогоден за живеење. Иако природните науки најпрво нѐ научија на скоро незамислив начин дека материјата е дух… една суптилна математика наспроти нејзината големина, нашиот дух не може да не биде восхитен. Всушност токму науката беше таа која направи да биде разбрана прекрасната логика на духот создател.

Педесетницата би требало да стане за нас исто така еден празник на благодарноста за созданието, момент за размислување околу причината за создавање која што е љубовта како создател која се открива во убавината на светот. Благодарноста за созданието би можело да биде еден одраз за созданието, еден одраз за согласното однесување на созданието, кој што е едно однесување диктиран од Духот, едно одделување од практичниот материјализам, кој што го злоупотребува светот и го уништува.

Врз оваа позадина може да се разбере исто така дека Педесетницата во Израил бил сеќавање за доаѓањето на Синај и празник на заветот кој што му ги беше дал на Израел двете плочи од десетте Божји заповеди како нивен водич. Христијаните дефинитивно ја виделе нивната педесетница во продолжувањето на овие мисли: новиот закон е љубовта која ги отвора границите и ги соединува луѓето во Новиот Завет (Сојуз). Но љубовта не е недостаток, ниту на форма, ниту на волја, туку таа е оформување на тоа што доаѓа одвнатре, таа е подготвеност на срцето кое го одразува ритамот на создавањето и во исто време го извршува.

Духот создател, кој светот го повика на живот, Духот кој станал збор во договорот од Сојузот (Заветот) на планината Синај и дарот на Светиот Дух врз апостолите на денот на Педесетницата се едно те исто, се работи секогаш за истиот и единствен Свети Дух. Педесетницата како почеток на Црквата е продолжување на божествениот договор на сите битија, на сите народи и на сите времиња. Целото создание е вклучено во амбиентот на Сојузот и затоа е спроведено кон својата вистинска цел: да биде место на љубовта.

До неодамна зборовите на свети Павле, според кој од создавањето се зголемува крикот на копнежот за прославување на синовите Божји (Римјаните 8,19), можеа да се видат од една гледна точка пред сѐ антропоморфна, па дури и антропоцентрична, но денес ги чувствуваме воздишките на створението под чекорите на оние кои немаат ништо со Бога и сакаат да го избришат од светот.

Створението ги повикува синовите Божји… тоа беше создадено за Сојузништво. Светиот Дух на љубовта е и останува Дух-Створител „без кој не постои ништо во човекот и ништо не е спасено“. Педесетницата сѐ повеќе ќе биде празник на созданието, на благодарноста и на обновувањето на самото створение, доколку повеќе ја живееме како празник на обновувањето на сојузот/заветот, доколку ние сѐ повеќе ќе станеме Црква според нејзината основа и нејзината вистинска суштина: „Ви давам нова заповед: да се сакате едни со други“ (Ив 13, 34).

Scrittidijosepfratzinger/З.А.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот