Христијаните во Буркина Фасо имаат страв од исламистички напади

Христијаните во Буркина Фасо имаат страв од исламистички напади

Во делови на Буркина Фасо, христијаните избегнуваат да одат во црква од страв од исламистички напади.

На крајот на февруари 2024 година, 15 лица беа убиени во напад на Католичка црква во Есакане во североисточниот дел на Буркина Фасо. Верниците се уште се во шок, изјави генералниот викар на бискупијата Дори Жан-Пјер Савадого.

„Луѓето се потполно потиштени и ја избегнуваат неделната света Литургија поради страв од понатамошни напади“, рече тој и додаде дека претставниците на црквата упатиле апел до верниците да молат дома: „Ги повикуваме сите католици да се молат дома и да молат Бројаница за да се запрат терористичките напади врз црквите“, рече тој.

И по три недели се уште не е јасно кој точно е одговорен за нападот на црквата во Есакане. Џихадистите во Буркина Фасо од 2021 година им се закануваат на христијаните во селата, црквите и работните места. Исламистичките борци уриваат цркви и им забрануваат на христијаните да се молат јавно. Есакане се наоѓа на границата со Мали и Нигер, во област која се смета за упориште на џихадистичките групи.

Членовите на бискупските конференции на Буркина Фасо и Нигер во средината на февруари соопштија дека најмалку 30 парохии биле затворени. Повеќето пасторални активности се прекинати поради постојана несигурност, најмногу во северните и источните делови на земјата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот