Сестра која го носи Божјето светло во пеколот на криминалот и насилството

Многумина го нарекуваат пекол на земјата, но за сестра Нејда Ројас злогласниот венуцуелски затвор Гуарица претставува „мисиска земја“.

Оваа 53 годишна монахиња за чиј живот неодамна ВВС објави репортажа, последните 17 години од својот монашки живот ги посветила во служење на затворениците и вистинско сведочење на Божјата љубов и милосрдие на оние во најголема потреба.

-Сигурна сум дека нема да ме повреди. Бог е со мене. Никогаш не би ми направил нешто на штета. Дури , напротив, ме штити. Тие луѓе можеби ја изгубиле слободата, но не и своето достоинство. Тие се деца Божји, а моја задача е да им служам и во затворот – зборува сестра Нејда.

И додека чуварите на преполнетиот затвор во кој се сместени над 3.000 затвореници одамна дигнаа раце од воведување ред и препуштија на затвореничките банди да ставаат свои правила, оваа храбра монахиња смирено и без страв минува низ затворот.

„Облечете маици“, довикуваат затворениците гледајќи како таа поминува. „Дојди, помини едно убаво попладне со мене. Те чекам во училницата“, ги повикува монахињата.

Учејќи ги да читат и пишуваат, сестра Нејда им помага да разберат што пишува во нивните обвиненија и судски записи, а со тоа им говори за љубовта со која Бог ги љуби.

Затворениците поради нејзината бела облека ја нарекуваат „бела капка“, а на нејзиниот благослов сите подготвено одговараат „Амин, сестро!“

На болните затвореници, оваа сестра редовно им ги носи лековите, а за тешко болните настојува да им обезбеди посебна нега.

-Имав мало срце, но благодарејќи на сестра Најда, тоа денес е големо. Таа нас нé учи на духовност и човечност – сведочи еден затвореник.

Во пеколот на насилството и криминалот, оваа монахиња секој ден неуморно носи еден „поинаков свет“ препознавајќи го Божјето лице во секој затвореник.

Битно нет/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот