Ова е сè што мора да знаете за 2. Светски ден на сиромашните

Ова е сè што мора да знаете за 2. Светски ден на сиромашните

Геслото на овогодинешниот Светски ден на сиромашните е „Кога несреќниот вика, – Господ го услишува.“

Светкиот ден на сиромашните протолкуван како „привилигиран момент за нова евангелизација“ го основа папата Фрањо со апостолското писмо „Misericordia et misera“ на крајот од Јубилејот на милосрдието и одреди да се слави на последната недела пред празникот Христос Цар. Ви пренесуваме неколку основни информации кои би требало да ги знаете за Светскиот ден на сиромашните.

Што е Светскиот ден на сиромашните?

Папата Фрањо одлучи Католичката црква на последната недела пред празникот Христос Цар на посебен начин да им се приближни на сиромашните. Со тоа сака да се помогне, но и да се укаже на предизвиците со кои тие се соочуваат како на глобално ниво и во земјите на Европската Унија.

На кој начин папата Фрањо го основа Светскиот ден на сиромашните?

Светскиот ден на сиромашните е основан во 2016 година, набрзо по средбата на папата Фрањо со сиромашните. Во таа прилика рече: „Се извинувам за сите оние моменти кога христијаните на средба со сиромашните погледнале на другата страна. Заради тоа ми е многу жал.“ Набрзо после тоа донесува одлука за редовно одбележување на Светскиот ден на сиромашните.

Папата минатата година во базиликата Свети Петар служеше света Литургија на која учествуваа околу пет илјади сиромашни и бездомници од Рим, околината, но и од други земји, посебно од Европа. Дванаесет министрираа, Сириец го читаше Посланието, а Перуанец и Бразилец ја молеа молитвата на верните. Сиромашни семејства ги принесоа даровите. „Сиромашните се нашиот пасош за рајот“ рече во таа прилика папата Фрањо. По светата Литургија Папата покани околу 1500 сиромашни на ручек во Ватикан, додека останатите ручаа во разни католички мензи, семинарии и заводи. Ги послужуваа 150 волонтери од различни бискупии.

Што се очекува оваа година?

Мотото на овогодинешниот Светски ден на сиромашните е „Кога несреќниот вика, – Господ го услишува.“ Пред базиликата Свети Петар ќе биде поставен шатор во кој медицински екипи на сиромашните ќе им даваат бесплатна помош. Папата Фрањо оваа година повторно ќе руча со сиромашни. Се очекува на ручекот да се соберат околу три илјади луѓе.

Пораката на Папата по повод овогодинешниот Светски ден на сиромашните

„На сиромашните не им треба протагонизам, туку љубов која знае да се сокрие и да го заборави направеното,“ истакна папата Фрањо во пораката за Вториот светски ден на сиромашните. Во пораката истакна дека сиромаштвото не е нешто што се бара, туку се создало заради самољубието, горделивоста, алчноста и неправдата; тие зла стари колку и човекот, но тие секогаш се гревови кои опфаќаат бројни недолжни луѓе, доведувајќи до драматични општетсвени последици.“ Затоа Папата ги поттикнува сите луѓе да не негуваат чувство на презир и пиетизам кон оние во потреба, туку да им изразат почит и да им дадат предност, затоа што тие се вистинско присуство на Исус меѓу нас. (..:)

Битно нет/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот