Бискупот Стојанов оствари средба со директорот на Каритас Босна и Херцеговина

Бискупот Стојанов оствари средба со директорот на Каритас Босна и Херцеговина

На 21 март 2024 година, во седиштето на Хрватската бискупска конференција во Загреб, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх и претседател на Македонски Каритас, придружуван од директорот о. Зоран И. Стојанов, оствари средба со монс. Томо Кнежевиќ, директор на Каритас Босна и Херцеговина.

Во таа прилика бискупот Стојанов искажа благодарност до Каритас Босна и Херцеговина за подршката и соработката помеѓу овие две сестрински Каритас организации. За време на средбата стана збор за конкретното делување, како и за понатамошната соработка на овие две каритативни институции на Католичката Црква кои делуваат на овие простори.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот