Литургиски славења на папата Фрањо во јули и август

Литургиски славења на папата Фрањо во јули и август

Монсињор Диего Равели, директор на Папската канцеларија за литургиски славења, го објави распоредот на активностите на Папата во текот на месец јули и август. Меѓу нив има две патувања: во Португалија по повод Светскиот ден на млади и во Монголија.

Во распоредот на литургиските славења кои ќе ги предводи папата Фрањо во јули и август, а кој го објави Канцеларијата за литургиски славења, за 23 јули е предвидена света Литургија во базиликата Свети Петар, по повод Светскиот ден на баби и дедовци и постарите лица, кој го востанови самиот папа Фрањо во 2021 година.

Во споменатиот период, дополнително се планирани две апостолски патувања: во Португалија по повод 37. Светски ден на младите, од 2 до 6 август и во Монголија, од 31 август до 4 септември.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот