Епископот Стојанов за празникот Успение на Пресвета Богородица ќе служи во Струмица и Нова Маала
Скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, во предвечерието на празникот Успение на Пресвета Богородица, во четврток, 27 август, со почеток во 18:00 часот, ќе служи Вечерна богослужба во Струмичката катедрала.
На самиот празник, 28 август, со почеток во 9:30 часот, епископот Стојанов ќе служи света архиерејска Литургија во парохиската црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала, по повод патрониот празник на парохијата.
Со епископот Стојанов ќе сослужуваат свештеници од Струмичко-скопската епархија.
Од светата архиерејска Литургија во Нова Маала, Радио Марија ќе врши директен пренос.
к.мк

