Олимпијката Ким Јуна е пример за верниците

Католичката олимпијка и меѓународната ѕвезда Ким Јуна е пример за многумина не само поради посветеноста и спортскиот дух, туку и тоа како отворено ја живее верата.

За тоа на својот блог пишува семинарец од архиепископијата во Детроит, Еван Фам кој бил изненаден од нејзиниот едноставен чин на молитва во натпреварите на Олимписките игри 2010 година во Ванкувер. Вели дека и него самиот и на неговото семејство ги инспирирала кога во еден момент виделе како се прекрстила и поклонила пред излегувањето на ледот.

„Таму беше една млада жена на олимпискиот лед и сите камери постојано ја прикажуваа. Но, не се исплаши, само сакаше да се помоли без оглед кој ја гледа. Какво вдахновение!“, напиша Фам.

Во својата татковина Јужна Кореја, Ким е една од најславните личности, посебно после победата на Олимпијадата во 2010. Ким држи светски рекорди во кратко, слободно и комбинирано лизгање, а светските рекорди ги руши десетина пати Снимила бројни докуметарни филмови и пропагандни кампањи за козметика, облека и електроника, но својот спортски успех го препишува на католичката вера.

Ким се преобратила во католичката вера заедно со мајка и во 2008 година по средбата со монаси и монахињи и католички организации кои ги запознала преку својот лекар исто така католик, кој и го лекувал коленото.

На крштението Ким земала име Стела по Марија, Ѕвезда на морето и открила во едно интервју дека во текот на обредот крштение „почувствувала голема утеха во своето срце“ и му ветила на Бог дека „секогаш ќе се моли“, а посебно пред натпревар.

Од тогаш целиот свет може да ја види Ким која секогаш се моли и прекрстува пред да застане на мразот. Пред четири години се придружила на корејските епископи за да ја приближи корејската јавност до бројаницата и објасни што значи за неа Бројаницата.

Ким е активна во многу хуманитарни акции, волонтира и донира средства за католички болници, универзитети и други организации и е гласноговорник на корејските епископи за католички акции во Сеул. Пред две години Ким донирала стотина илјади долари на салезијанците Дон Боско за помош на мисионери во Јужен Судан и за основање на католичко училиште.

Нејзиното јавно сведочење го мотивирало Фам отворено да го изнесе своето уверување. Вели дека со текот на возраста му било тешко да ја покажува својата вера, посебно молитва во јавност. Но, кога видел дека Ким моли на ледот, неговиот страв исчезнал.

„Тоа е за неа нормална работа. Каков прекрасен начин на сведочење, па ако таа може, зошто не би можел и јас“, вели Фам. Вели дека често моли за Ким која го инспирирала да се моли и за други јавни лица кои имаат многу можности да прават добро.

ЕВТН/Д.И.

Категорија: Сведоштва, Свет

За авторот