Папата Фрањо се сретна со членовите на Римската курија

Папата Фрањо се сретна со членовите на Римската курија

Папата на членовите им посака за Божиќ, празникот Рождество Христово, на Римската курија, цитирајќи го свети Џон Њуман кардинал, „да ги најде слични на Оној кој во ова време за нас стана Дете; секој нов Божиќ да нѐ најде се поедноставни, поскромни, посвети, повеќе добротворни, поспокојни, посреќни, полни со Бог… Ова е време на невиност, чистота, милина, радост, мир.

Името на Њуман нѐ потсетува и на неговото добро познато тврдење, речиси афоризам кој може да се најде во неговото дело „Развој на христијанското учење“, кое историски и духовно се наоѓа на крстопатот на неговото влегување во Католичката Црква. Вели вака: „Овде на земјата животот се менува, а совршеноста е резултат на многу промени.“ Очигледно не станува збор за тоа да се бара промена заради промени или да се водиме по некоја мода, туку за уверувањето дека развојот и растот се карактристични за земскиот и човечкиот живот, од перспектива на верникот, додека во центарот на сѐ е Божјата постојаност. За Њуман промена било преобраќањето, односно некоја внатрешна преобразба. Христијанскиот живот е одење, ходочастие, рече Папата додавајќи дека не станува збор очигледно за географско патување, туку симболично: тоа е повик да се открие движењето на срцето кое, колку тоа да звучи парадоксално, треба да се придвижи за да може да се промени и да може да биде верно.

Сето тоа има посебна вредност во нашето време, рече Папата затоа што она низ кое поминуваме не е едноставно „епоха на промени“, туку „промена на епохата“. Се наоѓаме во еден од оние моменти кога промените повеќе не се линеарни, туку се епохални; создава избори кои брзо го трансформираат начинот на живот, односите со другите, комуникацијата и развивањето на мислите, поврзувањето помеѓу генерациите и разбирањето и живеењето на верата и науката.

Во таа смисла Папата рече дека сме повикани да се фатиме во костец со предизвиците на сегашното време и да им пристапиме на добродетелите на расудувањето, а тоа се parresia и hypomoné. Промената во тој случај ќе поприми целосно поинаков изглед, ќе стане се повеќе човечка и христијанска. Тоа, вистина секогаш ќе биде надворешна промена, но направена поѓајќи од самиот центар на човект, односно од антрополошкото преобраќање, истакна Папата и повика да ги читаме „знаците на времето со очите на верата.“

Обработувајќи ја во својот говор до членовите на Римската курија темата промена, која главно се заснова на верноста на она depositum fidei и посветеноста, Папата се осврна на спроведувањето на реформата на Римската курија. Повтори дека таа реформа никогаш не била наменета да се постапува како порано ништо да не имало; напротив, целта била да се истакнат добрите работи кои се направени во сложената историја на Куријата. За да се изгради иднина која има цврсти темели, која има корени и затоа може да биде плодна, потребно е да се валоризира нејзината историја, истакна Светиот Отец. Апелот на сеќавањето не значи да се закотвиш во само-зачувувањето, туку да потсетува на животот и виталноста на патот во постојан развој. Меморијата не е статична, туку динамична: традицијата е гаранција за иднината, а не чуварка на пепелта, рече Папата и како главна задача на Црквата ја истакна евангелизацијата.

Се наоѓаме во големи предизвици и неопходна рамнотежа кои многу пати не е лесно да се постигне, заради едноставни факти дека во тензијата помеѓу славното минато и креативноста и иднината во движење е сегашноста во која постојат луѓе на кои неопходно им треба време за созревање; постојат историски околности со кои треба да се управува во секојдневниот живот затоа што во текот на реформите светот и настаните не стојат во место; постојат правни и институционални прашања кои е потребно да се решаваат постепено без магична формула или забрзување.

На крајот, постои димензијата време и човечки грешки на кои не може, ниту е чесно да не сметаш затоа што тие се дел од историјата на секој поединец. Да не водиш сметка за нив значи да правиш работи што апстрахираат од историјата на луѓето. Поврзано со тој тежок историски процес секогаш постои искушението да останеме наведнати над минатото (дури и користејќи нови формулации) затоа што тоа е посигурно, попознато и помалку конфликтно. Меѓутоа и тоа е дел од процесот и ризикот од движењето на значајните промени.

Папата на крајот предупреди и на искушението на заземање став на вкочанетост велејќи дека произлегува од стравот од промена. Зад секоја вкочанетост се крие некоја нерамнотежа. Вкочанетоста и нерамнотежата меѓусебно се хранат во магичен круг. И денес оваа искушение на вкочанетост е многу актуелно, рече Папата

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот