VII постојка: Исус втор пат паѓа под крстот
Мaтej 25,31-34
Исус оди раскрвавен. Нозете му се тресат. Се слуша викање од народот,го пцујат, го навредуват. Исус ги подига очите и жално ги гледа и се моли. Исус се мачи и знае дека треба да издржи за да ги спаси луѓето. Овој пат има свој крај, но сепак Исус по втор пат паѓа под крстот. Вториот пат е потежок од првиот, бидејќи Исус е исцрпен. Што мислат тие кои веруваат во Исуса … веруваат ли уште? Се јавува ли во нив сомнение во неговата сила? Исусе тие кои веруваат во Тебе после твоето паѓање, изгубија надеж …Се сеќаваа ли тие на тие моменти кога ги исполнуваше нивните срца со радост, на чудата кои им ги направи, со храната со кои ги наситуваше? А оздравувањата, воскресението на Лазар … дали сите заборавија на сето тоа? Што мислат тие кои те доведоа до ова? Се насладуваат ли мислејќи дека те победија?
Тоа го разбираат само жените кои тивко плачат, само тие во своите болки и молчејќи одат по Тебе. Твојата мајка прифаќајќи го трпението покажува смисла на тие кои сакаат да го видат. Таа не се предава во очајување, туку им влева надеж на оние кои се сомневаат. И твојот сакан и добар Иван оди со тебе, до крај е верен.
Исусе ти повторно стана и пак нé поучи да не остануваме на земјата, туку да се подигнеме без обѕир дали станувањето е потешко од првото. За нас падна и поради нас пак стана и ни покажуваш дека тоа е можно.
Луѓето секогаш сакаат да не видат исправени и секогаш силни. Ги разочаруваме кога паѓаме. Не го очекуваа тоа од нас. Кога гревот не фрла на подот или мојата слабост или пак други луѓе знам што треба да направам. Кога паѓаш ти си со мене ни вели Исус.
Седма постојка. Исус ни вели: Еднаш веќе паднав, сите очекуваа дека ќе бидам силен и тогаш пак паднав. Знаев дека ќе ги разочарам моите пријатели, а од моите непријатели слушав само подбивање. Мојата слабост ги соблазни сите луѓе. Се прашуваа: дали навистина тој е Бог? Го прифатив тој крст, бидејќи мојот Отец сакаше да покаже дека во мене Тој е појак од секоја соблазна.
Кога првиот пад ќе паднеш имаш уште изговор, но кога вториот пат си поразен, тогаш секој може да ти каже дека ништо не вредиш. Ти ќе се потпираш на крстот, ќе сакаш да се оправдаш и да се поправиш.Тоа те оддалечува од мене, бидејќи тогаш не сведочиш за Мене, туку себе и своите сили. Знај дека секогаш ќе паднеш, но јас нема да те оставам ќе те подигам. Тогаш други ќе зборуваат: Гледај некој го подигна. Твојот крст е во тоа да паѓаш и тоа да го признаеш. Не плаши се од паѓањето, туку сврти се кон мене. Ако тој крст добро запознаеш ќе ме најдеш во него. Тоа е пораз на телото, а победа на духот.
Подготви: о. Д.Т.
Користено и од текстовите на Томислав Иванчиќ, Тргни со мене