Велики Четврток

На Велики Четврток Христовите верници и целата Црква се сеќава на денот на Вечерата Господова и на основањето на Евхаристијата. На овој ден Исус со своите ученици за последен пат го прослави празникот Пасха и го основа свештенствотои светата Евхаристија – Литургијата. Денес Исус на светот ги остави знаците за своето постојано присуство во лебот и виното и на тој начин на целото човештво го даде своето Тело и Крв како залог и гаранција за победата над злото, страданието и смртта. На овој ден Исус беше предаден од страна на Јуда, уапсен и испрашуван од судот пред свештенството и римскиот управител Пилат. Со овој чин човекот, неговото создание, неповратно падна во бездната на омразата кон Бога. Во литургијата денес поминуваме низ собата на последната вечера (…) за време на еврејскиот празник Пасха која Христос ја прослави со дванаесетмината апостоли.

На Велики Четврток навечер, во секоја парохија се слави Служба за Страданијата Христово, односно се читаат 12 Еванелија. Се препорачува на неа да учествуваат што поголем број верници, бидејќи овој ден е почеток од најсветите денови во годината. Денеска  Литургиското Евангелие ни зборува за тоа како Исус им ги миеше нозете на апостолите, како пример и повик на сите христијани на меѓусебна љубов и служење. Во многу катедрални цркви се извршува и обредот миење нозе.

Извор: парохија Ровишче/Превод и адаптација: З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот