Монсињор Џорџо Кеца во еднодневна посета на Католичката црква во Македонија

Монсињор Џорџо Кеца во еднодневна посета на Католичката црква во Македонија

Монсињор Џорџо Кеца, вршител на должноста во Апостолската нунцијатура за Македонија, на 7 февруари 2022 година пристигна во еднодневна службена посета на Католичката црква во Македонија каде беше примен од бискупот Стојанов.

Монс. Кеца ги пренесе поздравите и благословот на Светиот Отец папата Фрањо до духовенството и верниците на Скопска бискупија и Струмичко-скопската епархија, искажувајќи заинтересираност за состојбата на Католичката црква во Македонија.

Бискупот Стојанов, изрази благодарност до високиот гостин за посетата за благословот и поздравите на Светиот Отец и ја истакна активноста на Црквата и работата пред сѐ околу Синодалниот ôд во кој што се вклучени сите нејзини членови.

Во попладневните часови ја посетија Спомен куќата на Света Мајка Тереза и главниот плоштад Македонија каде Светиот Отец папата Фрањо во својата историска посета на нашата земја во 2019 година служеше света Литургија. Воедно ја посетија и Катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ каде беше запознат со нејзиното возобновување и активностите на Македонски Каритас од страна на катедралниот парох и директор на Каритас дон Паво Шеќерија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот