Нова книга на папата Фрањо: Бог е млад

Нова книга на папата Фрањо: Бог е млад

Две години по објавувањето на книгата „Божјото име е милосрдие“, објавена на повеќе од 100 јазици, минатата година е објавена книгата „Оче наш“, а новиот голем издавачки проект кој ќе го добележи понтификатот на папата Фрањо е планиран за 20 март 2018 година со светската премиера на книгата „Бог е млад“.

Меѓунардониот преокт на истовремено објавување на новата книга на Папата ја координира италијанскиот издавач Пиеме, а во овој проект учествуваат водечките издавачки куќи во светот како што се американската Рандом Хаус, шпанската Едиторијал Планет, француската Роберт Лафонт, германската Хердер…

Папата Фрањо во оваа книга на сите луѓе им упатува и во срце им става ослободителна порака, која ја надминува сегашноста и ја исцртува иднината, како вистински би се обновил светот во кој живееме. Во храбар, искрен и отворен разговор со Томас Леонциниј, Папата се обраќа не само на младите од целиот свет, во и надвор од Црквата, туку и на сите возрасни, кои имаат воспитувачка улога, улога на водство во семејството, во парохиите и бискупиите, во училиштата, во работата, во здруженијата и најразличните установи.

Неговите размислувања храбро, мудро и ревно се занимаваат со важни теми од денешницата, од оние најинтимните до оние кои се поврзани за општественото и јавното подрачје. Испреплетувајќи ги духовните поттикнувања и сопствените спомени и предвидувања, папата Фрањо во книгата исто така зборува и за многу современи предизвици како што се односите меѓу генерациите, перспективите на младите, стравовите и соништата, површинското живеење, зависноста, модата и убавината, депресијата, булингот, пластичната хирургија, потребата да се биде видлив на социјалните мрежи, лажните вести… Книгата „Бог е млад“ дава перспектива и надеж и сигурно може да послужи за збогатување на секој човек, како и за подобро разбирање во семејството и општеството.

Битно нет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот