Ќе се формира Комисија за сведоци на верата

Ќе се формира Комисија за сведоци на верата

За време на средбата на тема „Светоста денес“, кардиналот Марчело Семераро, префект на Дикастеријата за прогласување на свети, најави формирање на Комисија за сведоци на верата.

За време на конференцијата „Светоста денес“ што се одржа од 3 до 6 октомври 2022 година во Патристичкиот институт „Августинјанум“ во Рим, кардиналот Семераро истакна дека Папата одреди оваа комисија да биде постојана и поврзана со работата на Дикастеријата за прогласување на светци.

Имено, Комисијата за сведоци на верата, која ќе се формира со оглед на Светата 2025 година, претходно беше формирана на барање на свети Иван Павле II. по повод јубилејот 2000 годиnа. Свети Иван Павле II. сакаше да ги истакне ликовите на мажи и жени кои, иако не беа прогласени за светци, силно ја живееја својата вера – објасни кардиналот Семераро во интервју за Vatican News. Затоа, Заедницата Свети Егидио доби задача да ја формира оваа комисија. Составен е попис со биографии на луѓе кои зборувале на целиот христијански свет, а не само на католичкиот.

Искуството на таа комисија – рече префектот – беше ограничено само на јубилејот во 2000 година. Но, таа идеја повторно се појави во подготовка за претстојниот јубилеј во 2025 година: папата Фрањо побара повторно да се формира комисијата, но која нема да се однесува само на одредена прилика, туку ќе биде поврзана со активностите на Дикастеријата за прогласување на светци. Затоа ќе се формира постојана комисија. Во следните денови ќе ја воспоставиме оваа реалност, и како простор за проучување – додаде кардиналот.

Како пример за сведок на верата, кардиналот Семераро го истакна Дитрих Бонхофер, теолог и свештеник кој беше убиен поради спротивставување на нацизмот. „Црквата не го прогласува за маченик затоа што не бил католик. Сепак, тој е лик кој се истакнува како христијански сведок. Како Бонхофер, има многу други. Светоста не е секогаш веднаш видлива во очите на верниците. Наша служба е да ја изнесеме на виделина. Ние „не градиме светци“, туку му помагаме на Папата во расудувањето. Мора да покажеме дека светоста не е далеку од нас, туку дека е повик, кој се однесува на сите. Не е неопходно да бидеме прогласени за светци, но мора да одговориме на повикот за светост – изјави кардиналот Марчело Семераро.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот