Папата го прими ирачкиот премиер

Папата Фрањо на 10 февруари 2016 година го прими во аудеинција во Ватикан премиерот на Ирак Хајдер ал – Абади, кој потоа се сретна и со ватиканскиот Државен секретар, кардинал Пиетро Паролин и Секретарот за односи со државите, монс. Пол Галагер.

„За време на срдечните разговор – стои во ватиканското соопштение – соговорниците разговарале за добрите билатерални односи, животот на Црквата во земјата и ситуацијата на христијаните и религиозните и етничките малцинства кои живеат во Ирак, а беше истакната и важноста од нивното присуство и неопходноста за заштита на нивните права. Станало збор и за улогата на меѓурелигискиот дијалог и одговорноста на религиозните заедници во промовирањето на толеранцијата и мирот. Во овој контекст – стои на крајот од соопштението – било дискутирано и за значењето на процесот на помирување меѓу различните социјални компоненти во земјата и националната и регионална хуманитарна ситуација”.

РВ/к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот