Папата Фрањо јадеше со сиромашните

Папата Фрањо јадеше со сиромашните

Папата Фрањо ја продолжува традицијата воспоставена од првиот Светски ден на сиромашни

Смеа, прегратки, моменти на заедништво и братство. Како и секоја година од воведувањето на Светскиот ден на сиромашните во 2016 година, папата Фрањо во недела 13 ноември 2022 година јадеше со сиромашните во салата Павле VI. На заедничкиот ручек присуствуваа околу 1.300 бездомници, мигранти и луѓе помогнати од римскиот Каритас, Заедницата Свети Егидио, ACLI (Христијанско здружение на италијански работници) и други здруженија, од кои многумина учествуваа на светата Литургија, која Папата ја служеше во базиликата Свети Петар. Папата јадеше со нив седејќи на една долга маса.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот