Бискупот Стојанов присуствуваше на Сенародниот собир во Скопје

Бискупот Стојанов присуствуваше на Сенародниот собир во Скопје

На 29 јуни 2023 година пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одржа Сенароден собир против Законот за родова еднаковост и Законот за водење матична евиденција во организација на Светиот архиерејски синод на МПЦ – ОА, под мотото „Имаме должност“, а на собирот присуствуваше и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх.

Во своето обраќање Архиепископот охридски и Македонски г. г. Стефан рече: Еве не, чедата на МПЦ, собрани заедно со претставници на сите цркви и верски заедници за да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили – децата од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии. Собрани сме за достоинствено и радосно да го покажеме нашето прегрнување на сиот свет како Божјо творение и да кажеме дека Црквата ниту сега, ниту кога било, не протестира против некоја личност и не отфрла никого. Нејзиното постоење е непрестаен бунт, но не против човек, туку против злото, гревот и смртта во кои, за жал, запаѓа светот. Единствена цел на Црквата е да го љуби и преобразува овој свет, но непоистоветувајќи се со него.

Во однос на загриженоста и стравот на родителите архиепископот Стефан рече: Сосема ги разбираме загриженоста и стравот, особено на родителите, за иднината на своите деца, ако тие два закона или нови слични закони станат обрзвувачка реалност. Според него без дозвола од родителите на децата во училиштата им биле делени наставни листови кои промовираат хомосексуалност и истополови бракови. Архиепископот Стефан праша до кога содржините во учебниците во образованието ќе бидат диктирани од туѓи центри и туѓи држави и туѓи центри, истакнувајќи дека веронауката и црковните предавачи со години се потценети

Во продлжение архиепископот се осврна на сфаќањето на секуларноста при што истакна: Немаме ништо против секуларниот менталитет, но се прашуваме дали тоа значи да се изопшти Црквата од општествениот живот? Свесни сме за намерите на организации и движења кои зајакнаа, влегоа во државните институции и пишуваат закони како двата несреќни закона – за родова еднаквост и матична евиденција, кои целат не само да ја секуларизираат црквата, туку и да ја присилат да зборува со некојси светски поредок кој им е туѓ на апостолите, светите оци и светото Евангелие. И кога најдобронамерно ќе кажеме нешто, се обидуваат да не замолчат со промена на тезите за секуларниот, световен карактер на државата, секогаш како по правило, толкувајќи ја секуларноста спротивна на Уставот во кој Црквата и останатите верски заедници имаат свое место и свои загарaнтирани права.

Г.г. Стефан се осврна и на ставот на Црквата кон жената и додаде: Собрани сме тука јасно и гласно да ја кажеме вистината, наместо професионалните експерти за менување тези. Жените во Македонија верувам не сакаат лажна еднаквост и лажни права, и не сакаат да бидат ослободувани од Црквата каде ја живеат својата вистинска слобода. Црквата е преполна со смели, самостојни и реализирани жени кои доаѓаат самостојно и во неа гледаат сигурно засолништво од овој заразан бунт.

На крајот Поглаварот на МПЦ упати апел до верниците да застанат во одбрана на семејството и да го запазат ликот Божји во човекот.

Како втор говорник на собирот до присутните се обрати и академик Катица Ќулавкова.

к.мк

повеќе фотографии

Категорија: Вести, Македонија

За авторот