Бруни: Понтификатот на папата Фрањо се покажува преку неговите дела

Бруни: Понтификатот на папата Фрањо се покажува преку неговите дела

Во разговор за Ватикан њуз Матео Бруни, новиот директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, изрази благодарност до папата Фрањо за именувањето и истакна дека понтификатот на папата Фрањо се покажува преку неговите дела, зборови и одлуки

Новиот директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, Матео Бруни осврнувајќи се во разговор со новинарите на ватиканското радио за новата должност, истакна дека именувањето за него е чест и дека го толкува како знак кон неговата личност, но и кон неговото минато и работа, која ја имаше со колегите од Канцеларијата за печат при Светиоит Престол, благодарејќи на довербата на Светиот Отец и префектот на Дикастеријата за комуникации Паоло Руфини. Тој напомена дека Канцеларијта за печат не е голема структура, но е слоевита, со низа функции, кои во прв ред не се забележливи. Мислам дека познавањето на овие структури одвнатре е корисно за подлабоко остварување на реформите во самата дикастерија.- додаде Бруни.

Спомнувајќи за своето досегашно работење, новиот директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол рече дека неговата работа и покрај тоа што беше повеќе во позадина, настојувал да придонесе за точно инфорирање и пренесување на важните теми за Папата. Во таа смисла новата должност ја сметам како продолжение на претходната, тоа е должноста на комуникаторите во служба на Светиот Отец и Светиот Престол, кој ги става на располагање своите човечки и професионални карактеристики. При тоа исто така изрази благодарност за она што го научи од патер Федерико Ломбарди, кој го повика да се вклучи во работата на Канцеларијата за печат при Светиот Престол

Тука во игра се бројни фактори: работно искуство, но и искуството како татко и сопруг. Ме придружува подршката од мојата сопруга и љубовта на мојата ќерка – рече Бруни и додаде дека важен фактор за него е ангажирањето за сиромашните на периферијата на Рим и во светот, посебно преку искуството кое го стекна со Заедницата Свети Егидиј уште од гимназиските денови. Денес од мене се бара чекор повеќе и прифаќајќи го тој предизвик не можам, а да не продолжам да работам во служба на Папата и Светиот Престол, со својата чувствителност која исто така е чувствителност на Црквата кон сите луѓе, а посебно кон сиромашните – рече Бруни.

На новинарско прашање што му е потребно на денешниот свет на информирање, ја истакна јасната комуницкација, транспарентна комуникација за настаните, која придонесува за толкување на различностите во светот во кој живееме. Тука мислам на комуникацијата која го збогатува разбирањето на контекстот во кој се случуваат настаните. Понтификатот на папата Фрањо се покажува преку неговите дела, зборови, одлуки, но историската важност на некои настани понекогаш подобро се сфаќаат со широка перспектива – додаде Матео Бруни и истакна дека во таа смисла сака да придноесе Канцеларијата за печат при Светиот Престол повеќе да биде упориште за новинарите, кои на целиот свет му зборуваат за Папата и Светиот Престол.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот