Помош на лица во потреба во време на пандемија

Помош на лица во потреба во време на пандемија

Од понеделник 14 декември 2020 година Парохискиот Каритас при парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица започнува со набавка на неопходни прехранбени производи, средства за лична хигиена и лекови и доставување на истите до домовите на лица кои поради пандемијата не се во можност сами да ги обезбедат. Корисниците ќе треба да ги покријат трошоците за артиклите кои треба да им се набават, додека трошоците за логистиката ќе бидат покриени од парохијата.

Оваа бесплатна услуга ќе се реализира на територијата на парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица.

Подетални информации корисниците можат да добијат на 076 519 272.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот