Папата Фрањо на доделувањето на Наградата Рацингер: Наша должност е да бараме патишта за средба со Бог

Папата Фрањо на доделувањето на Наградата Рацингер: Наша должност е да бараме патишта за средба со Бог

По повод доделувањето на Наградата Рацингер во Ватикан, папата Фрањо повторно ја истакна почитта и наклонетоста која ја чувствува кон својот претходник. Заслугата на добитниците на наградата е тоа што од една страна темелно ја проучиле појавата секуларизација, а од друга страна инкултурацијата. Тие помагаат да се пронајде патот за невестување на Христос во нашето време – рече Папата Фрањо.

Восхит и благодарност – се чувствувата со кои папата Фрањо ги пречека во Ватикан двајцата овогодишни добитници на Наградата Рацингер. Станува збор за професорот Чарлс Тајлор, Канаѓанец и африканскиот теолог, Исусовецот отец Пол Бере, кој кардиналот Анџело Амато претседател на научниот Комитет на Фондацијата Јозеф Рацингер – Бенедикт XVI му ги претстави на папата Фрањо. Двајцата луѓе кои доаѓаат од различни континенти и култури, но чија порака е – како што рече Папата, е многу послична отколку што изгледа на прв поглед.

Почитта и наклонетоста на папата Фрањо кон папата Бенедикт XVI

На почетокот на говорот Папата истакна дека тој настан за него е убава пригода уште еднаш да изрази почит и наклонетост кон својот претходник – како што рече, на драгиот почесен папа Бенедикт Шеснаесети. Благодарни сме му за учењето и примерот кои ни ги даде во служењето на Црквата размислувајќи, проучувајќи, слушајќи, разговарајќи и молејќи за нашата вера да се сочува жива и промислена и покрај тоа што времињата и ситуациите се менуваат и за верниците да знаат да размислуваат за својата вера со таков јазик за нивните современици да можат да ги разберат и за да се воспостави дијалог со нив и заеднички да ги бараат патиштата за средбата со Бог во нашето време – истакна Папата.

Заради тоа – додаде, дијалогот со различните култури кои се менуваат, за теологијата е должност. Токму од тој аспект двајцата добитници на овогодишената наградат дадоа значаен придонес; професорот Тајлор посебно проучувајќи ја појавата на секуларизација во нашето време на запад; а патер Пол Бере посветувајќи се на прашањето на толку важната инкултурација во Африка.

Важноста за детелно проучување на секуларизацијата

Што се оденсува до секуларизацијата, папата Фрањо напомена дека таа е голем предизвик за Црквата. Меѓу останатото не без причина приоритетот на понтификатот на папата Бенедикт беше повторно навестување на Бог, Бог Исус Христос во време во кое изгледа дека зајдува на хоризонтот на пространите подрачја на човештвото. Затоа изрази благодарност за деталноста со која професорот Тајлор ја анализирал таа појава.

Важна тема е инкултурација во Африка

Признание и благодарност папата Фрањо потоа изрази на патер Бере за неговите истражувања. Притоа спомна– како што рече – на „величенствените фигури“ како што се Тертулијан, Кипријан и Августин кои Африка ги даде во првите векови на христијанството и напомена дека потоа ширењето на исламот и вековите на колонизација ја спречија вистинската африканска инкултурација на христијанската порака, сѐ до втората половина на минатиот век.

Заради тоа африканската современа теологија сѐ уште е млада, но се покажува со динамичните и богатите ветувања. Патер Бере за тоа ни дава пример работејќи на толкувањето на текстовите на Стариот Завет во контекст на културата на усната традиција, правајќи така плодоносно искуство на африканската култура – рече Папата.

Насекаде да се пренесува Христовото навестување

Цитирајќи ги потоа зборовите на светиот Павле VI од Апостолскиот поттик „Evangelii nuntiandi“: „Да се евангелизира за Црквата значи да се пренесува Радосната вест во секоја човечка средина и со нејзиното влијание да се преобрази човештвото одвнатре, да се направи ново“, папата Фрањо истакна дека пристапот на димензијата на човештвото кое бара откупување треба да се бара во сите насоки, креативно, имагинативно; треба да се изразува на начини кои одговараат на сите подрачја и простори во кои човештвото ги живее своте грижи, своите радости и надежи. Да се бараат и да се пронајдат патишта за пристап до Бог, во секое време и простор, е задачата на професорот Тајлор и патер Бере и посланието на сите кои наследувајќи ја науката на телогот Јозеф Рацингер и почесен папа Бенедикт XVI сакаат да бидат соработници на Вистината – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот