Во Даблин Папата ќе даде охрабрување за пасторал со семејствата

Во Даблин Папата ќе даде охрабрување за пасторал со семејствата

Сѐ е подготвено во Даблин каде ќе се одржи Светската средба на семејства. Таа средба на која ќе учествува и папата Фрањо е во организација на Католичката Црква во Ирска и ватиканската Дикастерија за лаици, семејство и живот.

Средбата во Даблин сигурно е една од најважните настани за нашата Дикастерија – рече во разговор за Радио Ватикан отец Александрo Ави Мело секретар на ватиканската Дикастерија за лаици, семејство и живот и додаде: Големи се очекувањата заради присуството на папата Фрањо и сето она што ќе го каже. Тоа сигурно ќе биде момент да се поттикнат семејствата за да го живеат сето она што Црквата го научува.

Сигурен сум дека ќе биде голема радоста за учество на таа средба – продолжи секретарот на Дикастеријата за лаици, семејство и живот и најави: Повеќе од 35.000 луѓе ќе учествуваат на пасторалниот конгрес, а повеќе од 500.000 ќе учествуваат на светата Литургија со Папата на завршетокот на средбата. Тоа сигурно ќе биде единствен момент, го очекуваме со голема радост и доверба. Тоа ќе биде момент кој ќе остане во срцата на сите, единствен настан во историјата на Црквата.

На прашањето: Која е надежта за семејствата кои ќе учествуваат на средбата во Даблин? Што тие ќе можат да дадат кога ќе се вратат во земјите од кои дошле?“ Отец Ави Мело одговори: Сакаме таа средба да биде поттик за пасторал со семејства, и да ни помогне да ја разбереме „Amoris Laetitia“ првото такво широко размислување. Ќе имаме повеќе од 60 работилници на теми од тој апостолски поттик. Таа е „Magna carta“ за семејствата. Светиот Отец сигурно ќе ни даде и други важни охрабрувања за пасторал со семејствата во различните земји – заврши отец Ави Мело.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот