Папата Фрањо: Веднаш да се отстрани!

Буенос Аирес, 12.7.2013 /к.мк/ – Веднаш да се отстрани! Овие зборови папата Фрањо ги упати во телефонскиот разговор до неговата некогашна курија во Буенос Аирес, откако беше информиран дека е поставена статуа во природна големина со неговиот лик во паркот пред неговата поранешна катедрала. По овој телефонски разговор статуата е тргната за неколку часови, јавува аргентинскиот весник „Кларин“.

Статуата која беше поставена пред десетина дена, беше вистинска атракција за посетителите на катедралата, а многумина од нив се фотографираа со неа.

Весникот истакнува дека е познато за папата Фрањо дека не сака никаков култ на неговата личност, единствено што сака е да се прослави Христос. Тоа имавме можност и да го доживееме кога еднаш ги предупреди младите и да не го извикуваат името на Папата, туку на Исус. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<