Папата се сретна со поглаварите на Источните католички цркви

Папата се сретна со поглаварите на Источните католички цркви

Чесни и драги браќа: Среќен сум што сум со вас, оци и поглавари на Источните Католички цркви, за со вас да ја споделам радоста и болката на верниците кои се доверени на вашата пасторална грижа – рече Светиот Отец во својот говор до Патријарсите и Архиепископите кои ги прими во Ватикан.

Грижата за сите Цркви се покажува исто така преку хиерархиското заедништво со Римскиот Епископ и наследникот на свети Петар. Да се биде Римски Епископ е токму темелот на Петровата служба, која е водечка служба во љубовта.

Уверен сум, рече папата Фрањо дека треба да се даде поттик за вреднување на врските во Црквата кои ги поврзуваат колегијалноста со Петровиот примат, за да се оствари „ѓаконскиот примат“, а тоа значи да се биде слуга на сите слуги Божји.

Меѓу задачите на Петровиот наследник како што е воспоставено по изборот на апостолот Матиј е и онаа да се пронајдат добри епископи за месните Цркви ширум светот. Од вас и од вашите синоди барам да соработувате во таа толку важна служба, за да ги воочите луѓето соодветни за таа служба.

На крајот Светиот Отец го препушти зборот на Патријарсите и Архиепископите најавувајќи дека повторно ќе земе збор подоцна, за да одговори на нивните прашања.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот