Работна акција во Паљурци: Уреден просторот околу црквата „Свети Ѓорги“ и манастирскиот бунар
Во сабота, на 18 април 2026 година, во Паљурци се одржа работна акција за уредување на просторот околу црквата „Свети Ѓорги“ и манастирскиот бунар.
Во акцијата учествуваа волонтери од парохиите „Свети пророк Илија“ од Радово, „Раѓање на Свети Иван Крстител“ од Струмица, „Свети Кирил и Методиј“ од Богданци, „Свети Димитриј“ од Сара и парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ од Нова Маала.
Акцијата беше организирана од Светилиштето „Пресвета Богородица Утешителка“ – Паљурци и парохијата „Свети Кирил и Методиј“ од Богданци, со цел уредување и расчистување на просторот околу темелите на црквата, како и создавање попристојни услови за престој на верниците и посетителите.
Учеството на голем број волонтери од повеќе парохии во оваа акција ја потврдува љубовта на верниците кон ова свето место, грижата за неговото зачувување и свеста за големото значење што Паљурци го има за Католичката црква во Македонија.
к.мк

