Биди промена – биди христијанин!

Се бара христијани. Не знам дали некогаш си размислил за тоа какво сведоштво даваш на другите околу себе. Може ли некој врз основа на твоето однесување да заклучи дека ти си христијанин. Некако ми се чини дека денес најмногу нè има нас, ама само на хартија. Друштвото како да плаче за христијани. Кога повеќе би сведочеле дека сме тоа што сме сега или кога не би ги осудувале оние што сакат да сведочат дека се христијани, сите би биле поинкави. Всушност, само по себе е иронично, несфатливо како можеме да го осудуваме она што сме самите ние. Ако барем малку ја пролистаме таа дебела книга со малите писма, збиени редови и некои неразбирливи реченици (инаку, се вика Библија и служи за читање) ќе пронајдеме дека христијаните во првите времиња сè делеле и дека ги препознавале и другите по тоа што меѓусебно се сакале.

Кога би важеле таквите правила меѓу христијаните повеќе не би имало сиромашни луѓето и такви кои се отфрлени. Сите овие глобални проблеми за чие решение човештвото плаче повеќе не би постоеле ниту би се разговарало за нив. Кога само сите ние кои се нарекуваме христијани, бидеме христијани. Толку малку е потребно за светот да биде поубав од место долина на солзите, но…

Веќе сме навикнати на ваква ситуација и нема да бидеме поинакви. Веќе сме доволно преокупирани со самите себе и другите станаа речиси „неважни“. Се чуствуваме верници во моменти каде тоа е јавно посакувано и тогаш сме подготвени да се удираме по гради и да го зборуваме онаа што веќе сме го зборувале во таквите прилики, но кога нашата реалност тропа на вратата знаеме дека ретко се сеќаваме оти Бог воопшто постои. Времето го поминуваме онака како што сакаме и знаеме дека не можеме да го ,,вметнеме” Бога во дневниот распоред. Веќе имаме сè однапред испланирано и договорено што е невозможно. Многу чудно. Така што можеме да направиме многу работи набрзина и побрзу или некој технолошки додаток да го направи наместо нас, а ние и понатаму немаме време едни за други, за нас, а и за Господ. Не знам дали некогаш си размислувал за тоа што се случува кога еден христијанин не е христијанин, туку е само дел од статистиката.

Пробај да го замислиш светот каде што на улицата нема просјаци, ги нема оние кои се прават повисоки од другите, каде нема богати и сиромашни, каде нема отфрлени… Можеби тоа звучи како некој можеби и недосонуван идеал – но сепак тоа е дел од реалноста која би можеле да ја имаме само кога би се потрудиле… Сѐ ќе ни биде онака како што самите себе ќе си направиме и сами сме одговорни за сè она што го гледаме околку себе и што се случува. Замисли сите проблеми да можат да бидат решени само така да ги подредиме приоритетите онака како треба да бидат подредени и кога не би се плашеле да бидеме она што треба да бидеме. Денес толку ретко може да се сретне вистински христијанин кој не се плаши да биде христијанин, а ние го правиме или маченик или му помагаме во толку работи за да стане светец, наместо самите да ја заживееме реалност во која сите би си помагале едни со други за да ни биде добро. Ех… тоа е денешното општество.

Само ако стоиме настрана и чекаме некој да направи нешто нема да направиме ништо. Никој од нас нема право само да биде пасивен, набљудувач и да чека промена. Сите сме задолжени да се придвижиме и да ја направиме онаа промена што ја очекуваме. Толку малку е потребно да живееме во светот за кој чезнееме, а сепак толку многу нè дели од него. Всушност, самите себе се делиме од тоа. Но, така не мора да биде. Работите можат да се променат. Биди промена. Биди христијанин.

Пасторал на млади/Тања Стојанова/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот