Tag "Папа Фрањо"
Папата потсети на Бахреин и упати апел за мир
Патување во знак на дијалог, ова се зборовите кои Папата ги употреби во своето пладневно обраќање по молитвата Ангел Господов за да го опише своето патување во Бахреин, од 3 до 6 ноември 2022 година, каде што ќе учествува на форум за кој рече дека се занимава со неопходната потреба Исток и Запад да се запознаат, за доброто на човечкиот соживот. Притоа, тој се заблагодари, веќе сега, на властите и на жителите, како и на сите кои долго време се
Ангел Господов: Да се биде свет значи да не се предаваш на логиката на моќ и надмоќ
Во своето пладневно обраќање на празникот на Сите Светци, Папата зборуваше за блаженствата опишани во Евангелието според Матеј, нарекувајќи ги лична карта на светителите. Тој објасни дека градители на мирот се оние кои посветено и трпеливо се залагаат за слога и хармонија. Мирот никогаш не е насилен или вооружен, тој не се постигнува со освојување или нечиј пораз, туку изникнува во срцето преку дела на правда и милост, отворајќи се за Христа. Во целост го пренесуваме обраќањето на Папата. Драги
Папата: Исус е изворот на неповторливата светост на свети Фрањо
Светиот Отец во понеделник 31 октомври 2022 година во аудиенција ги прими членовите на Црковната координација за 800-годишнината од упокојувањето на свети Фрањо Асишки, кои ја започнуваат тригодишната подготовка за прославата, која pak својот врв ќе го има во 2026 година.
Кардинал Паролин: Папата во Бахреин, знак на единство и дијалог во трагичен момент во историјата
Бахреин се подготвува да го пречека наследникот на Петар. Државниот секретар, кардиналот Пиетро Паролин, во изјава за ватиканските медиумите, изрази благодарност за поканата до кралот на Бахреин, Хамад бин Иса бин Салман Ал Калифа, како и до локалната Црква.
Папата за нападот во Могадишу: Бог да ги преобрати срцата на насилниците
Папата поттикна на молитва за нападот во кој загинаа повеќе од стотина, меѓу кои и многу деца, во главниот град на Сомалија, за кој одговорноста ја презедоа милитантите на Ал Шабаб
Папата повика на молитви за Украина, потсети и на Светскиот ден на мисиите
Обраќајќи се на присутните верници собрани на плоштадот Свети Петар по молитвата Ангел Господов во недела 23 октомври 2022 година, папата Фрањо потсети дека денес е Светски ден на мисиите и поттикна да се поддржат мисионерите со молитва и конкретна солидарност. Светиот Отец исто така, ги покани верниците на молитва за мир во Украина и во светот, истакнувајќи дека ќе учествува на меѓурелигиската молитва за мир во вторник во римскиот Колосеум.
Ангел Господов: Да се чуваме од духовната гордост
Во неделното обраќање пред молитвата Ангел Господов во недела 23 октомври 2022 година, папата Фрањо зборуваше за неделното свето Евангелие од Лука, односно за двајцата протогонисти од Исусовата парабола; фарисејот и цариникот. Размислувањето на Папата го пренесуваме во целост.
Папата: Обезбедете грижа и олеснување на смртно болните, а не смрт
Папата Фрањо ги потсети управителите и политичарите од француската бискупија Камбре, кои ги прими во аудиенција во петок 21 октомври 2022 година, на улогата на политиката и важноста на близината со граѓаните, со посебно внимание на луѓето кои се на крајот од животот: треба да оставиме збогатено културно, општествено и интелектуално наследство на идните генерации.
Папата: Да се развие кај верниците лаици поголемо чувство на одговорност за животот и иднината на Црквата
Примајќи ги членовите на Конгрегацијата на маријанхилските мисионери, по повод нивното Генерално собрание, Папата ги поттикна да негуваат постојано пасторално преобраќање што доаѓа до израз во секоја активност; од свештеничкото и духовното формирање на верниците, до планирањето на апостолски проекти.
Папата Фрањо во ноември ќе го посети Асти во италијанската провинција Пиемонт
Веста ја соопшти бискупот на тој град во италијанската провинција Пиемонт. Папата ќе пристигне во Аста на 19 ноември 2022 година за да се сретне приватно со членовите на семејството, а на 20 ноември ќе ја предводи светата Литургија во катедралата.