Папата Фрањо во ноември ќе го посети Асти во италијанската провинција Пиемонт

Папата Фрањо во ноември ќе го посети Асти во италијанската провинција Пиемонт

Веста ја соопшти бискупот на тој град во италијанската провинција Пиемонт. Папата ќе пристигне во Аста на 19 ноември 2022 година за да се сретне приватно со членовите на семејството, а на 20 ноември ќе ја предводи светата Литургија во катедралата.

Папата Фрањо ќе ги посети италијанските корени на неговото семејство. Тоа го соопшти епископот на Асти, монс. Марко Прастаро, а во изјава за печатот објави дека попладнето на 19 ноември Папата ќе биде во тој град Пиемонт за да се сретне со една негова роднина по повод нејзиниот 90-ти роденден. Средбата со членовите на семејството ќе биде приватна.

Дополнително, во соопштението на Префектурата на Папскиот дом се наведува дека ден потоа, 20 ноември, на празникот Христос Цар, Папата во 11 часот ќе ја предводи светата Литургија во катедралата во Асти, со цел да се сретне со локалната заедница од каде неговите родители емигрирале во Аргентина.

Воодушевени сме од оваа вест – изјави бискупот Прастаро, а пренесува ATnews. Ќе дадеме сѐ од себе да го примиме папата Фрањо, почитувајќи ја желбата за приватен дел од посетата. Враќањето во Ватикан е предвидено за недела попладне. Градот Асти го посети Иван Павле II во септември 1993 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот