Tag "Папа Фрањо"
Света Тереза од Лизие упатува на она што е суштинско во Црквата, љубовта и довербата во Бога
На 15 октомври 2023 година е објавен Апостолски поттик на папата Фрањо „C’est la Confiance“ („Тоа е доверба“) посветена на Света Тереза од Детето Исус и Светото Лице, по повод 150-годишнината од нејзиното раѓање во Аленсон, Франција. Нејзиниот „мал пат“ нè поттикнува да веруваме во Божјото бескрајно милосрдие и да се сретнеме со Христос за да живееме отворено кон другите. „Во срцето на Црквата, мојата Мајка, ќе бидам Љубов!“, напиша Тереза, која почина на 24-годишна возраст и беше прогласена за
Ангел Господов: Времето посветено на Бога нè растеретува, го лекува срцето и го зголемува мирот во нас
Папата во своето пладневно обраќање во недела на 15 октомври 2023 година укажа дека Господ не повикува да бидеме во заедништво со него и едни со други, но ни остава слобода да го прифатиме или да не го прифатиме неговиот повик. „Бог се нуди, никогаш не се наметнува. Времето посветено на Бога, на света Литургија, слушање на Словото, помагање на слабите и сиромашните, утешување на оние кои страдаат, нè спасува од злото, осаменоста и губењето на смислата, објасни Папата.
Папата Фрањо: Доста е војни! Тие се секогаш пораз
По молитвата Ангел Господов во неделата на 15 октомври 2023 година, папата Фрањо упати силен апел за Блискиот Исток, каде, како што рече, веќе има многу мртви. Не се гледа ништо друго освен невина крв во Светата Земја, како и во Украина. Затоа Римскиот бискуп ги охрабри верниците во вторник, 17 октомври да се приклучат на Денот на молитва и пост за мир.
Папата: Богородица од Апарецида нека бдее над целиот бразилски народ
На маргините на Синодата, папата Фрањо на празникот на заштитничката на Бразил, Богородица од Апарецида, упати видео порака до бразилскиот народ
Да му помогнеме на населението кое е веќе многу исцрпено
На крајот од Генералната аудиенција, папата Фрањо ги упати своите посебни мисли кон народот во Авганистан, кој на 7 октомври, во западниот регион, беше погоден од разорен земјотрес кој предизвика околу 3.000 смртни случаи, додека речиси 10.000 беа повредени: „Илјадници жртви, вклучително и жени и деца. Ги повикувам сите луѓе со добра волја да ги ублажат страдањата на овие луѓе“. Папата се молеше и за напатената Украина и за оние кои страдаат од глад, неправда и војна
Генерална аудиенција: Простувањето не одзема ништо, туку на човекот му дава достоинство и го ослободува
Сведоштвото на Жозефина Бахита е пример за апостолската ревност за која зборуваше папата Фрањо во катехезата на Генералната аудиенција во среда 11 октомври 2023 година; за ревноста заснована на волјата да се простува дури и на оние што ја повредиле. Робинка од 7-годишна возраст, оваа суданска светица ја најде ослободителната сила на својот живот во милосрдието и разбирањето: таа ни ја нуди светлината на надежта во овие тешки времиња на недоверба и сомнеж кон другите
Папата: Дијалогот гради мир, а не војна и тероризам
На Генералната аудиенција во среда, Папата се помоли за жртвите од војната меѓу Израел и Палестина и побара итно ослободување на заложниците: „Право на оние кои се нападнати е да се бранат, но јас сум многу загрижен за целосната опсада под која живеат Палестинците во Газа, каде што има и многу невини жртви“. Екстремизмот не помага да се постигне решение на конфликтот, туку поттикнува омраза, насилство и одмазда и предизвикува страдање и на двата народа.
Парохот од Газа: Имав веќе два телефонски разговори со папата Фрањо
Од почетокот на војната, отец Габриел Романели доби два телефонски повици од Папата кој се распрашуваа за тоа што се случува во Појасот Газа, погоден од израелските напади по терористичките напади на Хамас. Во христијанската заедница, која згрижува 150 прогонети семејства, нема загинати или повредени
Ангел Господов: Нека Марија ни помогне да ја направиме благодарноста светлина што извира од нашите срца
Во својата неделна молитва Ангел Господов, папата Фрањо размислуваше за параболата за лозјето и лозарите
Папата повика на молитви за мир во светот и за Синодата, која е во тек
Потсетувајќи дека месец октомври е посветен на молитвата Светата Бројаница, папата Фрањо ги повика верниците да молат за мир во целиот свет и ги повика Синодата која е во тек да ја доверат на Светиот Дух