Папата повика на молитви за мир во светот и за Синодата, која е во тек

Папата повика на молитви за мир во светот и за Синодата, која е во тек

Потсетувајќи дека месец октомври е посветен на молитвата Светата Бројаница, папата Фрањо ги повика верниците да молат за мир во целиот свет и ги повика Синодата која е во тек да ја доверат на Светиот Дух

Во своето обраќање по молитвата Ангел Господов во недела 8 октомври 2023 година, папата Фрањо потсети дека месец октомври е посветен на мисиите и Светата Бројаница. Ги повика верниците да не се уморат да молат за посредништво на Марија за дарот на мир за многу земји во светот кои се обележани со војни и конфликти. Посебно се потсети на саканата Украина, која секојдневно страда многу.

Придружувајте ја со молитва Синодата

Светиот Отец се заблагодари и на сите кои ја придружуваат Синодата и помагаат со нивните молитви. Тој ја опиша актуелната Синода како црковен настан на слушање, споделување и братско заедништво во Духот и ги повика сите да ја доверат на Светиот Дух.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот