Најава: Средба за млади

Најава: Средба за млади

Сабота на 29 октомври 2016 со почеток во 18,30 часот во црковната сала на парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица, во организација на Деканатот свв. Кирил и Методие ќе се организира Средба за млади (од повеќе парохии) на тема:

Бежанците, Бегалците и Мигрантите (1913, 1948, 2015-16 година) дел од животот на Црквата

Почеток со молитва

  1. Како Црква можеме да бидеме на располагање на Мигрантите

       Предавање: Отец д-р Зоран И.Стојанов

  1. Мигрантите – видени во очите на нашето општество

Предавање: Отец Гоце Костов

  1. Запознавање со ситуацијата на Мигрантите, камп „Винојуг“ покрај Гевгелија

Предавање: Отец Димитар Ташев

Пауза

во 19,30 II-дел

МАКЕДОНСКА ХИМНА ЗА ЕДИНСТВО

  1. Свештениците заедно со младите од парохијата ќе го претстават историскиот и сегашниот момент на Парохијата
  • Парохија „Свети Пророк Илија“ – Радово
  • Парохија „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица
  • Парохија „Свети Кирил и Методие“ – Петралинци со филијала Сарај
  • Парохија „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица
  • Парохија „Успение на Пресвета Богородица“ – Нова Маала и Чанаклија
  1. Младите и нивните видувања за актуелната ситуација со и околу мигрантите и животот по парохиите.

-Во петтата точка учество ќе земат свештениците и младите присутни од сите парохии, не само наведените во точка 4.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот