Папата: Богородица од Апарецида нека бдее над целиот бразилски народ

Папата: Богородица од Апарецида нека бдее над целиот бразилски народ

На маргините на Синодата, папата Фрањо на празникот на заштитничката на Бразил, Богородица од Апарецида, упати видео порака до бразилскиот народ

Празникот на Богородица од Апарецида го носам во моето срце. Се сеќавам на тој град и Богородица. Нека ве благослови, нека бдее над вас и целиот бразилски народ. Се молам за вас, ви го испраќам мојот благослов и ве молам, молете се за мене – рече папата Фрањо во видео пораката, која ја испрати до бразилскиот народ од Синодата за да му ја изрази својата наклонетост на празникот на заштитничката на Бразил, Пресвета Богородица од Апарецида. Светиот Отец конкретно ја спомна неговата посета на Апарецида пред десет години, на 24 јули 2013 година, кога одвои време да го посети маријанското светилиште за време на на Светскиот ден на млади во Рио де Жанеиро.

Света Литургија во светилиштето во 2013 година

По тој повод, папата Фрањо служеше света Литургија и во својата проповед ја спомена петтата пленарна седница на бискупите на Латинска Америка и Карибите во мај 2007 година. Таа седница беше важен момент во Црквата – истакна тој. Навистина, може да се каже дека Документот од Апарецида е создаден токму од спојот на работата на пастирите и едноставната вера на ходочесниците, под мајчинска заштита на Марија. Црквата, барајќи го Христос, секогаш тропа на вратата на Мајката и бара: „Покажи ни го Исуса“. Од неа се учи да се биде вистински ученик. Токму затоа Црквата секогаш оди во послание по стапките на Марија – рече тогаш папата Фрањо.

Во Ватиканските градини

Во овие десет години од својот понтификат, папата Фрањо безброј пати ја спомна заштитничката на Бразил. Така, на 3 септември 2016 година, тој ја благослови статуата на Пресвета Богородица од Апарецида во Ватиканските градини и ги поттикна верниците да се молат за најсиромашните, отфрлените, напуштените стари, деца на улица; да ги заштити оние кои се отфрлени и ставени во рацете на експлоататори од секаков вид; да го спаси својот народ со социјална правда и љубовта на Исус Христос, нејзиниот Син.

Да молиме со љубов, за целиот бразилски народ, да го благословиш ти мајко – рече Папата и додаде: Ја пронајдоа сиромашни работници; нека ја најдат сите денес, особено оние на кои им треба работа, образование, оние на кои им е одземено достоинството.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот