Парохот од Газа: Имав веќе два телефонски разговори со папата Фрањо

Парохот од Газа: Имав веќе два телефонски разговори со папата Фрањо

Од почетокот на војната, отец Габриел Романели доби два телефонски повици од Папата кој се распрашуваа за тоа што се случува во Појасот Газа, погоден од израелските напади по терористичките напади на Хамас. Во христијанската заедница, која згрижува 150 прогонети семејства, нема загинати или повредени

Папата Фрањо постојано следи што се случува во Газа, затоа се јави за да се информира за малата христијанска заедница во Појасот Газа – изјави во интервју за Ватикан њуз, свештеникот отец Габриел Романели, кој моментално е во Витлеем и е во постојан контакт со верниците. Папата ми се јави пред неколку минути – рече тој – ја изрази својата близина и ги вети неговите молитви, а ние му се заблагодаривме за повикот за прекин на огнот и секакво насилство, тероризам и секаква војна. Сакаше да ја изрази својата близина и сега директно ја повика самата заедница, со мојот викар и луѓето што се засолнија во парохијата.

Во христијанската заедница нема загинати

Всушност, парохијата во Газа засолни околу 150 луѓе кои ги загубиле своите домови или кои бараат безбедно место од бомбардирањето, иако – објасни отец Габриел – целиот Појас Газа е нападнат. Во христијанската заедница нема загинати или штети. Во цела Газа, 770 луѓе загинаа, а повеќе од 4.000 луѓе се ранети во израелските напади како одговор на терористичките напади на Хамас. Вчера се јави и папата Фрањо – рече отец Гаврил и додаде: Сакаше да знае како се луѓето во парохијата и го даде својот благослов за сите да ја почувствуваат близината на Црквата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот