Папата: Добрите одлуки донесуваат внатрешен мир

Папата: Добрите одлуки донесуваат внатрешен мир

Откако во претходните катехези зборуваше за тоа како да се донесе одлука пред Господа, Папата на Генералната аудиенција, одржана во салата Павле VI, објасни како да знаеме дали сме на вистинскиот пат. Покрај тоа, тој предупреди дека е можно да се сака само во слобода и ја осуди желбата да се поседува другиот, што „го прави животот вистински пекол“.

На Генералната аудиенција во среда 7 декември 2022 година, папата Фрањо продолжи со серијата катехези за расудувањето, а на оваа катехеза посебно се осврна за критериумите кои можат да ни помогнат да сфатиме колку е добра одлука што сме ја донеле. Притоа, тој посочи дека е важно да се внимава и по донесувањето на одлуката за да ги препознаеме знаците кои го потврдуваат тоа. Папата исто така забележа дека слободата е карактеристика на човечкото суштество кое не дејствува од страв од Господ, туку за да одговори на неговата љубов.

Нашиот живот е учество во Божјата креативност

Еден од овие критериуми – истакна Папата – е присуството на внатрешно чувство на траен мир што внесува хармонија во живот.

На пример, ако одлучам да посветам половина час повеќе на молитва, а потоа забележам дека подобро го живеам остатокот од денот, дека сум посмирен, помалку загрижен, дека ја работам мојата работа со повеќе внимание и задоволство, и дека моите односи со некои тешки луѓе стануваат полесни…; ова се важни знаци кои го поддржуваат фактот дека донесената одлука е добра. Духовниот живот е кружен; добрата одлука е корисна во сите области од нашиот живот. Затоа што е учество во Божјата креативност.

Да се чувствуваш на своето место

Вториот критериум е да се чувствува дека донесената одлука не произлегува од страв од Бога, туку како можен одговор на љубовта и великодушноста Господова кон мене. Уште едно мерило е свеста дека се чувствуваме на своето место во животот и дека сме дел од еден поголем план на кој сакаме да дадеме свој придонес. Римскиот бискуп објасни дека човек може да препознае дека го нашол она што го бара кога во неговиот ден има повеќе ред, кога различни аспекти од неговиот живот ќе се усогласат и кога со тешкотиите ќе се соочи со обновена сила и храброст.

Отстапување од донесената одлука

Уште еден знак на потврда дека сме на вистинскиот пат е фактот што остануваме слободни во однос на она што сме го одлучиле, подготвени повторно да ја преиспитаме. Папата Фрањо го објасни тоа:

Тоа не е затоа што сака да нè лиши од она што го сакаме, туку за да можеме тоа да го живееме слободно, без приврзаност. Само Бог знае што е навистина добро за нас. Посесивноста е непријател на доброто и ја убива љубовта – пазете се од неа -посесивноста е непријател на доброто, ја убива љубовта. Бројните случаи на семејно насилство, за кои, за жал, често слушаме во вестите, речиси секогаш произлегуваат од желбата да се поседува туѓата љубов, од потрагата по целосна сигурност која ја убива слободата и го задушува животот, претворајќи го во пекол.

„Стравот Господов го засладува срцето, дава радост, среќа и долг живот. Кој се плаши од Господа е среќен на крајот и благословен на денот на неговата смрт.[…] Стравот од Господ е круна на мудроста што цвета со мир и здравје. (Од Книгата Сирахова)“

Доверба во Господа

Господ не создаде слободни – истакна Светиот Отец – затоа што само во слободата можеме да љубиме, а да се принесе на Бога она што ни е најдраго ни овозможува да го живееме како дар што доаѓа од него, знаејќи дека нашиот живот, како и целата историја, е во неговите добронамерни раце. Папата истакна дека во тоа е „стравот Божји“. Стравот кој ги оддалечува сите други грижи, бидејќи како што вели свети Павле: Се можам преку Исуса Христа, Кој ме крепи!“ (Филипјаните 4,13).

Препознавањето на ова е основно за добра одлука и ни дава сигурност во она што не можеме да го контролираме или предвидиме: здравјето, иднината, саканите, нашите планови. Важно е нашата доверба да биде одговор на Господарот на вселената, кој неизмерно не сака и знае дека со него можеме да изградиме нешто прекрасно, вечно.

На крајот, папата Фрањо поттикна секогаш да одиме напред обидувајќи се да носиме такви одлуки, во молитва и слушајќи што се случува во нашите срца и ги поттикна сите да одат напред полека и храбро.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот