Операцијата на Папата заврши без компликации

Операцијата на Папата заврши без компликации

Папата Фрањо во раните попладневни часови беше подложен на лапаротомија и пластична операција на абдоминалниот ѕид со протези. Портпаролот Бруни објасни дека хоспитализацијата, трета по ред во болницата Гемели, ќе трае неколку дена

Лапаротомијата и пластичната операција на абдоминалниот ѕид со протези, на кои папата Фрањо на 7 јуни попладнето беше подложен во поликлиниката „Гемели“, помина без компликации и траеше три часа. Ова го соопшти директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, пренесувајќи ја веста за хируршката интервенција за која – како што е објавено во соопштението утринава – лекарскиот тим на Светиот Отец одлучил во изминатите денови, а што беше неопходно поради хернија која предизвикува повторливи, болни и влошени субоклузивни синдроми. Престојот во клиниката ќе трае неколку дена за да се овозможи нормален постоперативен тек и целосно функционално закрепнување – извести Бруни.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот