Ангел Господов: Нека Марија ни помогне да ја направиме благодарноста светлина што извира од нашите срца

Ангел Господов: Нека Марија ни помогне да ја направиме благодарноста светлина што извира од нашите срца

Во својата неделна молитва Ангел Господов, папата Фрањо размислуваше за параболата за лозјето и лозарите

Во неделното Евангелие, параболата за лозарите ни покажува колку неблагодарни и алчни мисли се вовлекле во нивните умови, бидејќи замислувале дека родот на нивниот труд им припаѓа само нив. Наместо да го чуваат лозјето и да го поделат родот од лозјето, тие се обиделе да задржат сè за себе, ги малтретирале слугите на господарот и на крајот го убиле неговиот син.

Неблагодарноста води до насилство

Осврнувајќи се на таа парабола, папата Фрањо рече дека лозарите требало да бидат благодарни за она што го добиле и за начинот на кој биле третирани. Наместо тоа, неблагодарноста раѓа алчност и расте чувството на бунт во нив, што ги натера да гледаат на ситуацијата на искривен начин, да чувствуваат дека сопственикот е нивен должник, наместо дека се должни на сопственикот кој им ја дал работата.

И така, рече Папата, лозарите стануваат убијци.

Папата Фрањо понатаму објасни дека во таа парабола, Исус нè потсетува што се случува кога човек се залажува себеси, мислејќи дека самиот се создал и заборава на благодарноста, ја заборава основната реалност на животот. Ваквиот став, рече тој, може да доведе до незадоволство, недоразбирање, огорченост и на крајот насилство. Да, драги браќа и сестри, рече Папата, неблагодарноста раѓа насилство… додека едноставниот збор „благодарам“ може да го врати мирот!

Научете да кажете „благодарам“

Светиот Отец повика да се запрашаме дали препознаваме дека животот и верата ни се дар, дали сфаќеме дека и ние самите сме дар? Дали веруваме дека сè започнува со Божјата благодат? И пред сè, како одговор на благодатта, дали знаеме да кажеме „благодарам“?

Своето размислување папата Фрањо го заврши со молитвата на Пресвета Богородица, чија душа Го фали Господа, нека ни помогне благодарноста да ја направиме светлина што секојдневно ќе извира од нашите срца.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот