Нигериските свештеници предупредуваат: Стануваме загрозен вид

Нигериските свештеници предупредуваат: Стануваме загрозен вид

Соочени со бран киднапирања, убиства и насилство, нигериските свештеници избегнуваат насилство како одговор и повикуваат на молитва. Фондацијата „Помош на Црквата во неволја“ истакнува дека во 2022 година биле киднапирани 18 свештеници, од кои тројца се убиени.

Избегнувајте насилни реакции и потпрете се на молитва – ова е поттикот од нигериските свештеници во услови на драматичниот пораст на киднапирањата, убиствата и насилството во земјата. Според потврдени информации, Фондацијата „Помош на Црквата во неволја“ посочува дека од почетокот на 2022 година се киднапирани најмалку 18 свештеници, од кои пет во првата недела од јули. Повеќето од киднапираните подоцна се ослободени, но тројца свештеници се убиени.

Свештениците – загрозен вид

Навистина е тажно – се вели во соопштението на Здружението на нигериските бискупски католички свештеници, упатено до фондацијата „Помош на Црквата во неволја“ – што за време на нивните вообичаени пасторални активности, свештениците стануваат загрозен вид. Како што се наведува во соопштението, помош од надлежните власти е побарана повеќе пати и тоа на различни нивоа. Меѓутоа, како што забележаа и членовите на Нигериската бискупска конференција – стои во соопштението – на народот му е јасно дека (Владата) потфрлила во (својата) главна должност да ги заштити животите на нигериските граѓани.

Со нас носиме свети книги, а не оружје

Свештениците експресно го отфрлаат секој одговор што вклучува сила или насилство и објаснуваат дека тие не се терористи или воена група, доведувајќи го во прашање потребата од учеството на свештениците на уличните протести и повикувајќи се на фактот што би требало да биде првото оружје на Божји човек: Нашата свештеничка служба е да се навестува Словотот Божјо и да славиме Евхаристија во спомен на Христос и неговото послание на земјата. Ова подразбира дека со нас носиме свети книги, а не оружје. Христос никогаш не нè поттикнува да земемеоружје против некого или да вршиме одмазднички дела – пишуваат свештениците.

Седмица на молитва и пост за безбедност

Членовите на здружението на католички свештеници потоа ја истакнуваат основната работа што треба да ја прават и покрај недостатокот на безбедност, само за да останат бранители на животот и мирот и ги охрабруваат своите браќа во служба да им се придружат овие денови во извонредната иницијатива на молитва и пост, евхаристиско поклонение и молитва на Светата Бројаница. Сите овие активности ги надополнуваат другите програми што веќе ги спроведуваат бискупиите за ограничување на проблемот со несигурноста во Нигерија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот