Папата Фрањо до дигиталните евангелизатори: Бидете мисионери на интернет и однесете го Христос најдалеку

Папата испрати видео порака до „Hechos 29“, меѓународната средба на млади дигитални евангелизатори што се одржува во Монтереј, Мексико. Со креативност и храброст, навестете ја Божјата милост и нежност, но виртуелноста нека го зајакне присуството, па така мрежата нека создаде заедница, која ќе го направи Исус присутен меѓу луѓето.

Папата Фрањо во видео порака упати поздравни зборови до учесниците собрани во Монтереј, Мексико, на „Hechos 29“, меѓународната средба на млади дигитални евангелизатори, што се одржа на 5 и 6 август 2022 година. „Оваа средба нека ви помогне да се чувствувате како заедница, како дел од мисионерскиот живот на Црквата, која никогаш не се плашела да оди во нови хоризонти и граници и со креативност и храброст да ја навести Божјата милост и нежност“. Ова е „ желбата на папата Фрањо, кој ја смета оваа за важна можност, која нуди да се биде мисионер во дигитална средина.

Пасторалната креативност да допре до луѓето каде што живеат

Потсетувајќи се на она што го рече за време на неговото неодамнешно патување во Канада за потребата да се „најдат нови начини да се навести срцето на Евангелието на оние кои сè уште не го сретнале Христос“ и преку „пасторалната креативност за да се допре до луѓето таму, каде што живеат“ и преку „наоѓање можности за слушање, дијалог и средба“, папата Фрањо ги охрабри младите да не се плашат од грешките и повтори дека повеќе сака ранета Црква што оди до егзистенцијалните рабови на светот отколку болна Црква, која е затворена во некои нејзини мали сигурности.

Бидете Добриот Самарјанин во дигиталната средина

„Господ тропа на вратата за да влезе во нас, но колку пати тропа на вратата одвнатре за да го пуштиме надвор“, рече Папата, посакувајќи мисијата во дигиталните простори да биде полна со човечност. Повикот на Папата до оние кои учествуваат во „Hechos 29“, е да бидат како Добриот Самарјанин во тие средини, односно да донесат освежување, поддршка, утеха, „за модерната култура да го запознае Бога чувствувајќи Го во вас“.

Од виртуелност до присуство: Да го донесеме Христос меѓу луѓето

Светиот Отец потоа ги поттикна младите дигитални евангелизатори да ја донесат Исусовата надеж, особено на оние што се најдалеку, и нивните зборови да бидат  придружени со милосрдие. „Нека виртуелноста го засили присуството“, додаде Римскиот бискуп, па така мрежата нека создаде заедница, која ќе го направи Исус присутен во сопствената култура. На крајот од својата видео порака, Папата упати благослов до учесниците на средбата за дигитални евангелизатори.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот