Љубопитноста е спротивна на духот на мудроста
Духот на љубопитноста создава конфузија и нѐ одделува од Духот на мудроста кој напротив ни дава мир – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 14 ноември во домот Света Марта.
Коментирајќи го првото читање, преземено од книга Мурдост Соломонова, која ја опишува духовната состојба на духовниот маж и духовната жена, вистинскиот христијанин и вистинската христијанка кои живеат „во мудроста на Светиот Дух“, рече дека таа мудрост ги води напред со паметен, свет, едноставен, единствен, многуврстен и прониклив дух.
Тоа е животниот пат со Духот: Божјиот Дух кој ни помага да пресудиме, да одлучуваме кон Божјото срце. Тој дух ни дава мир, секогаш! Тој е дух на мирот, љубота, братството. А всушност тоа е светоста. А Бог тоа го бара од Авраам – Оди во мојата присутност и биде непорочен – токму тоа: тој мир. Да одиш на поттик на Духот Божји и таа мудрост. А за мажите и жените кои така одат, може да се каже дека се мудри бидејќи тргнуваат по надахнување на трпението Божјо – рече Светиот Отец.
Евангелието пак говори за поинаков дух, спротивен на духот на Божјата мудрост, говори за духот на љубопитноста. А така е кога сакаме да завладееме со Божјите планови, иднината, нештата, да спознаеме сѐ и во свои раце да преземеме сѐ… фарисеите го прашуваат Исус: „Кога ќе дојде Царството Божјо?“ Љубопитни! Сакале да го знаат датумот, денот. Духот на љубопитноста нѐ одделува од Духот на мудроста, бидејќи не интересираат само поединости, новости, секојдневни неважни приказни. Или нешто да се направи? Тоа е радозналост, дух на љубопитност. Духот на љубопитноста не е добар, бидејќи е дух на расеаност, одделување од Бог, дух на преголема говорливост. А самиот исто така ни вели: тој дух на љубопитност, кој е световен, вознемирува – рече папата.
Љубопитноста нѐ потикнува да слушаме како Господ е овде или онде, или да говориме: „познавам еден видови човек или жена, кои примаат писмени пораки од Богородица. Папата прокоментира вака: Ма, гледај, Богородица е Мајка. Таа нѐ сака. Таа не е управител на поштенска канцеларија за да испраќа секој ден пораки.
Такви приказни – вели Светиот Отец – нѐ одделуваат од Евангелието, од Светиот Дух, од мирот и мудроста, од славата и убавината Божја. Бидејќи Исус вели дека царството Божјо не доаѓа така за да привлече внимание: доаѓа во мудрост. Царството Божјо е меѓу нас – вели Исус – тоа е делување на Светиот Дух кој ни дава мудрост, кој ни дава мир. Царството Божјо не доаѓа со збунетост; Бог не му говорел на пророк Илија во ветар, во олуја, туку преки благо ветренце, во ветренце на мудроста – објасни папата. И света Тереза од Детето Исус зборувала дека секогаш мора да запре пред духот на љубопитноста: кога разговарала со некоја сестра, а таа сестра раскажувала приказна, нешто за семејството, за народот, или за нешто друго, сакала да го слушне крајот на приказната, но почувствувала дека тоа не е Божји Дух, бидејќи било дух на расеаност, дух на радозналост.
Царството Божјо е меѓу нас: не треба да бараме чудни работи, со световната љубопитност да трчаме за новости. Да се препуштиме на Божјот Дух со мудроста на малото ветренце да нѐ води напред. Тој е дух на Царството Божјо, за кое говори Исус. Нека биде така – заврши Папата Фрањо.
Д.И.