Шпанецот Кабалеро именуван за генерален секретар на ватиканскиот Секретаријат за економија

Шпанецот Кабалеро именуван за генерален секретар на ватиканскиот Секретаријат за економија

Папата Фрањо го именува економистот Максимино Кабалеро Леда за генерален секретар на Ватиканскиот секретаријат за економија, објави во вторник 4 август Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Шеесетгодишниот Кабалеро со тоа станува десна рака на шпанскиот Исусовец Хуан Антонио Гуера (61), кој папата Фрањо во ноември 2019 година го именува на чело на тој Секретаријат, како наследник на кардинал Џорџ Пел (79).

Максимино Кабалеро досега работел како финансиски стручњак во повеќе шпански компании на подрачјето на финансиите и здравството. Во 2007 година со семејството се преселува во САД, каде работи во компанијата Baxter Healthcare. На оваа служба Генерален секретар го наследува Алфред Ксуареб (61), кого папата Фрањо го именува за Апостолски нунциј за Кореја и Монголија.

Во јуни Папата, како прв лаик го именува Фабио Гасперини за секретар на Управата за добра на Светиот Престол (APSA).

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот