Напад на Католичка црква во Индонезија на Цветници

Напад на Католичка црква во Индонезија на Цветници

Најмалку 10 верници се повредени во експлозијата пред католичката црква во индонезискиот град Макасар. Тамошната полиција јавува дека еден или двајца напаѓачи нападнале верниците кои заминувале по завршувањето на светата Литургија на Цветници.

Свештеникот во црквата, отец Вилхемус Тулак изјави дека чуварите се судриле со еден од осомничените напаѓачи. Според свештеникот, тој дошол со мотор и се обидел да влезе во црквата. Некои од жртвите се здобиле со сериозни повреди.

Во минатото, црквите беа мета на екстремисти во Индонезија, но ниту една група сè уште не презела одговорност за нападите.

Категорија: Вести, Свет

За авторот