Молитвена накана на Папата за септември: Заштита на морињата и океаните (Видео)

Молитвена накана на Папата за септември: Заштита на морињата и океаните (Видео)

На својот профил @pontifex на социјалната мрежа Твитер, папата Фрањо во саботата на 31 август ја објави молитвената накана за месец септемви, посветена на заштитата на океаните.

Океаните го претставуваат најголемиот дел водена површина на нашата планета како и најголемата разноликост на живите суштества. Опстанокот на многу од нив денес од различни причини е загрозен. Созданието е проект на Божјата љубов кон човекот. Солидарноста со „заедничкиот дом“ произлегува од самата наша вера. Овој месец да се молиме политичарите, научниците и економистите заедно да делуваат за заштита на морињата и океаните, повика Папата во својата порака на Твитер.

Секоја година повеќе од 8 милиони тони пластика се фрла во океаните, што причинува покрај многу работи и смрт на скоро 100.000 растителни и животински видови. Загадувањето на морињата со пластика е глобален проблем кој бара заедничка одговорност и заеднички пристап. Во своите „Цели за одржлив развој“ Обединетите нации поставија различни цели за справување со таа ситуација, признавајќи дека морињата и океаните обезбедуваат основни природни ресурси како храна, лекови, биогорива и други продукти.

Во недела на 1 септември започнува иницијативата „Времето на созданието“: христијаните се обединети во заштитата на заедничкиот дом.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот