Папата ги повика Колумбијците да се борат против корените на неправдата

Папата ги повика Колумбијците да се борат против корените на неправдата

Папата Фрањо ја заврши својата петдневна посета на Колумбија на 10 септември со свечена света Литургија во градот Картахена, на која учествуваа околу половина милион верници, и во таа прилика упати повик за поддршка на човечкото достоинство.

Папата Фрањо ја заврши својата петдневна посета на Колумбија со свечена света Литургија во градот Картахена, на која учествуваа околу половина милион верници, и во таа прилика упати повик за поддршка на човечкото достоинство и на работа за праведно општество во кое нееднаквоста и угнетувањето ќе се повлекуваат пред надежта и братството. Во својата проповед Светиот Отец се осврна на голем број проблеми кои ги истакна за време на својата посета на таа јужноамериканска земја, која настојува зад себе да го остави петдецениски крвав конфликт и да појде по патот на мирот.

Колумбија е земја која за жал е позната по производството на кокаин и по наркокартелите и папата Фрањо во таа пригода ги осуди трговците со дрога, нарекувајќи ги немилосрдни трговци на смрт кои прекинуваат толку многу надежи и уништуваат голем број семејства. Не може да се игра со живототите на нашите браќа или да се манипулира со нивното достоинство – истакна Папата.

Светиот Отец освен тоа ги повика Колумбијците да продолжат да сонуваат и работат на проектот кој ќе ги вклучува сите луѓе, и во својата проповед ги допре темите за кои зборуваше изминатите денови, како потребата да се прости на оние кои ни направиле зло. Станува збор за основен поим во процесот на исцелување и помирување. Папата Фрањо воедно ја истакна и потребата за промена во кулутурата односно на културата на смрт и насилство да одговориме со културата на животот и средбата.

Папата повторно ги потсети колумбиските водачи дека вистинскиот мир е можен единствено ако се решат причините за социјалната неправда, нееднаквоста и угнетувањето. Ако Колумбија сака цврст, траен мир, итно мора да преземе чекор во таа насока, имено според општото добро, еднаквоста, правдата, почитувањето на човечката природа и нејзините потреби – рече папата Фрањо.

Не се двоумеше да ги именува и осуди, едно по едно злата кои ја поткупуваат културата на средба, вклучувајќи ја злоупотребата на дрогата, пустошењето на природните ресурси, загадувањето, искористувањето на работниците, незаконската трговија со пари и финансиското шпекулирање кое милиони мажи и жени ги изложува на сиромаштво; а ја спомна и проституцијата, трговијата со луѓе, и трагедијата со мигрантите кои се искористуваат и со кои се манипулира.

Светиот Отец ја заврши проповедта со пораката за христијанската надеж, повикувајќи ги сите Колумбијци заедно да го подигнат својот поглед кон небото затоа што Господ може да го разврзи она што нам ни изгледа невозможно, а вети да биде со нас до крајот на светот, тоа ќе доведе до остварување на сите наши напори.

По светата Литургија, Папата го упати последниот поздрав до колумбијскиот народ пред враќањето во Рим. Сите оние кои ја организираа и подготвија неговата посета се заблагодари за нивната тешка работа и жртва, а на посебен начин се заблагодари на колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос Калдерон и граѓанските власти.

Ова беа интезивни и прекрасни денови. Имав можност да се сретнам со многу луѓе и да доживеам многу работи кои длабоко ме допреа – рече Светиот Отец и ги повика Колумбијците да не бидат задоволни со тоа што го „направиле првиот чекор“, туку секој ден од ново да започнат патување, среќавајќи се со другите и поттикнувајќи хармонија и братство. Не можеме само мирно да стоиме – истакна Папата.

Папата Фрањо го заврши својот поздрав со следните зборови: Колумбијо. Потребна си им на твоите браќа и сестри. Оди им во пресрет. Донеси им ја прегратката на мирот која е слободна од секое насилство. Бидете „робови на мирот засекогаш!“

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот