Честитики по повод именденот на бискупот Стојанов

Честитики по повод именденот на бискупот Стојанов

Во недела 23 мај 2021 година, во пресрет на празникот на сесловенските просветители и апостоли Светите Кирил и Методиј свештенството и монашките заедници од Скопје, посетувајќи го во резиденцијиата на Водно, му го честитаа именденот на Н.В.П. монс. Киро Стојанов. Честитка во име на сите упати катедралниот парох дон Паво Шекерија посакувајќи му на бискупот Стојанов Божји благослов и успех во неговата пастирска служба со желби за многу години.

Епископот Стојанов се заблагодари на честитките, повикувајќи ги да се молат за него, за духовни звања и за потребите на Црквата.

Средбата продолжи во пријатна атмосфера и заедништво, со мерките пропишани од надлежните здравствени власти.

Кон честитката се придружува и редакцијата на Католици.мк, посакувајќи му на епископот Стојанов многаја и благаја лета во неговата пастирска служба.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот