Mолитва на Папата пред стауата Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица

Mолитва на Папата пред стауата Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица

Пред статуата Безгрешно зачнување на Пресвета Богорица на плоштадот Мигнанели недалеку од познатиот Шпански плоштад во Рим, Папата на празникот Безгрешно зачнување на Пресвета Богорица попладне се молеше за децата, семејствата и работниците за сите кои останале без работа или не можат да најдат.

Молитвата ја пренесуваме во целост.

О Маријо, наша Безгрешна Мајко, ти доаѓам на денот на твојот празник, не доаѓам сам: со себе ги носам сите оние кои твојот Син ми ги довери во овој град Рим и во целиот свет за да ги благословиш и да ги спасиш од опасност.

Ти ги донесувам Мајко децата особено оние кои се сами, напуштени, а заради тоа ги лажат и искористуваат. Мајко ти ги донесувам семејствата кои со своето секојдневно и сокриено заземање се грижат за животот и општеството; особено семејствата кои се изморени заради внатрешни и надворешни проблеми.

Ти ги донесувам Мајко сите работници, мажи и жени, а особено ти ги доверувам оние кои заради потреби се присилуваат да вршат недостојна работа, како и оние кои ја загубиле работата или не успеваат да најдат. Потребен ни е твојот безгрешен поглед за да бидеме способни со почит и благодарност да гледаме на луѓето и работите без себични интереси и преправање.

Потребно ни е твоето безгрешно срце, бесплатно да го љубиме без сокриени намери едноставно и искрено, сакајќи добро на другиот, отфрлајќи ги маските и шминката. Потребни ни се твоите безгрешни раце за нежно милување, за допирање на месото Исусово во сиромашните, болните и презрените браќа, за подигање на оние кои се сопнале и за држење на оние кои се слаби. Потребни ни се твоите безгрешни нозе за да одиме во пресрет на оној кој не знае да го направи првиот чекор за да одиме по патеките на оние кои сѐ загубиле, да одиме да ги најдеме осамените луѓе.

Ти благодариме Мајко, затоа што покажувајќи ни се без дамка на гревот нѐ потсетуваш дека пред сѐ е Божјата милост, љубовта на Исус Христос Кој за нас го даде животот, силата на Светиот Дух Кој обновува сѐ. Направи да не се обесхрабриме, туку надевајќи се на твојата постојана помош, неуморно да се заземаме за своја обнова, на овој град и на целиот свет. Моли се за нас Света Мајко Божја!

После молитвата Папата го поздрави мноштвото народ и се задржа во разговор со некои болни, а потоа отиде во базиликата Света Марија Велика каде се молеше пред иконата на Богородица „Спасение на римскиот народ.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот