Папата жали за смртта на кардинал Пел

Папата жали за смртта на кардинал Пел

Папата Фрањо испрати телеграма со сочувство за смртта на кардиналот Џорџ Пел, кој, како што вели, „непоколебливо го следел својот Господ со истрајност дури и во часот на искушение“.

Папата Фрањо потсети на „доследното и посветено сведоштво на починатиот кардинал Џорџ Пел, неговата посветеност на Евангелието и на Црквата, а посебно на неговата вредна соработка со Светиот Престол за нејзината неодамнешна економска реформа, за која тој ги постави темелите со решителност и мудрост .“

Папата телеграмата со сочувство за смртта на кардинал Пел ја упати во среда 11 јануари 2023 година до кардиналот Џовани Батиста Ре, декан на Кардиналскиот колегиум.

Во телеграмата Светиот Отец истакнува дека е тажен за веста за смртта на кардиналот, почесен префект на Секретаријатот за економија и ја изрази својата близина со деканот и со целиот Кардиналскиот колегиум, како и со членовите на семејството кардиналот Пел.

Светиот Отец го пофали за неговото сведочење и дело и рече дека се моли „овој верен слуга, кој непоколебливо го следеше својот Господ со истрајност дури и во часот на искушение, да биде примен во небесната радост и да ја добие наградата за вечен мир“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот