Додека папата Лав XIV сè уште е со воодушевување пречекуван во Шпанија, веќе добива конкретни контури неговото следно патување во странство: кон крајот на септември Папата ќе ја посети Франција.
Додека папата Лав XIV во Шпанија предизвикува големо воодушевување меѓу верниците и политичарите, веќе се оформува програмата за неговото следно апостолско патување. Претседателот на Француската епископска конференција, кардиналот Жан-Марк Авелин, во вторник, 9 јуни 2026 година, соопшти делови од програмата за претстојната посета на Франција.
Папата Лав XIV ќе ја посети Франција од 25 до 28 септември.
На почетокот на посетата, на 25 септември, Папата ќе предводи Вечерна молитва во катедралата „Нотр Дам“ во Париз, на која се поканети сите католички свештеници од Франција.
Потоа ќе следува голема вечерна молитва со млади луѓе, а попладнето на 26 септември е предвидена голема Света Литургија на отворено. Во програмата е планирана и посета на Папата на седиштето на светската организација за култура УНЕСКО.
Европа како тема
Во недела, 27 септември, папата Лав XIV ќе служи уште една Света Литургија на отворено во маријанското светилиште Лурд и ќе се моли за мир во светот.
На 28 септември е планирана Света Литургија во катедралата во Мец. Според најавите, таму во фокусот ќе биде Европа.
Во едно предградие на Мец во 1963 година почина политичарот Робер Шуман, кој се смета за еден од татковците-основачи на обединета Европа.
Катпрес/к.мк

