Соопштение на турските епископи за планот Аја Софија да се пренамени во џамија

Соопштение на турските епископи за планот Аја Софија да се пренамени во џамија

Турските бискупи објавија соопштение на 18 јуни во кое се изјаснуваат за планот за пренамена на Аја Софија во џамија, пренесува UCA News

Соопштението е објавено за време на меѓународните протести против турската влада која планира пренамена на Аја Софија во џамија. Тоа треба да го потврди највисокиот турски суд на 2 јули.

„Иако сакаме Аја Софија да го задржи музејскиот карактер, не е наше ние да интервенираме или да даваме мислење за одлуката која се однесува исклучиво за Република Турција“ – соопштија бискупите и објаснуваат дека врз основа на својот правен статус не можат да „дадат ниту еден совет за внатре државни прашања“. Сепак се сложуваат со ставот на турската влада дека иднината на тој споменик е прашање на национален суверенитет.

Бискупите потсетуваат дека Аја Софија, која ја посетија свети Павле VI., и свети Иван Павле II., Бенедикт XVI и Фрањо е изградена како црква во заедништво со Рим, но после Источниот раскол во 1054 година станува православна црква. Откако Константинопол беше заземен од Отоманите пренаменета е во џамија.

Оваа катедрала која е изградена од Јустинијан на местото на две постари цркви, била најголема на светот кога била посветена во 537 година. Во 1937 година со декрет на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк станува музеј.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот