Папата Фрањо: Играта со децата е многу важна

Папата Фрањо: Играта со децата е многу важна

Папата се сретна со децата која се лекуваат на педијатриската амбуланта „Света Марта“.  По божиќната приредба која за него ја подготвија децата, Светиот Отец се обрати на монахињите и волонтерите, како и на родителите на децата, потсетувајќи ги сите колку е важно на децата да им се пружи радост

Во неделата на 22 декември 2019 година пред пладневниот наговор, папата Фрањо се сретна со малите пациенти на ватиканската педијатриска амбуланта „Света Марта“ која ја основа папата Пио XI во 1922 година. Во неа се дава здравствена заштита на децата на возраст до 5 години од целиот свет, чии семејства се борат со економските потешкотиите. Во салата Павле VI, каде се одржа средбата, се собраа исто така членовите на нивните семејства, како и волонтерите и лекарите кои работат во амбулантата.

По божиќната приредба која за него ја подготвија децата, Светиот Отец се обрати на монахињите и волонтерите, како и родителите на децата, потсетувајќи ги сите колку е важно на децата да им се овозможи радост. Притоа истакна дека родителите прават многу важна работа кога знаат да си играт со децата.

Пред директно да им се обрати на децата, Папата се послужи со кутиите кои за време на приредбата ги донесоа тројцата мудреци, а на кои биле испишани зборовите „надеж“, „љубов“ и „мир“. Светиот Отец на децата потоа им објасни дека војната го убива животот, старите луѓе, младите, децата, сите, додавајќи дека за победата над војната е потребна љубов.

Пред да ја заврши таа средба со благодарност до сите кои учествуваа во нејзината организација, папата Фрањо со децата разговараше за надежта и ги поттикна да го свртат погледот кон иднината, кон хоризонтот и кон подобриот свет, со надеж дека тој секогаш доаѓа од Господ, но и од нашите залагања.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот